„Мора да ја сопрат агресијата“

Хамас: Примирјето во Газа зависи од акциите на Израел во Ерусалим

Функционерот на Хамас Калил ал Хаја изјави денес дека Израел мора да ја сопре својата „агресија“ и во појасот Газа и во Ерусалим ако сака примирје по 11-дневната војна која се водеше месецов.

EPA-EFE

Ал Хаја го изјави тоа по состанокот со шефот на египетската разузнавачка служба Абас Камел, кој пристигна во Газа откако во Ерусалим се сретна со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, во обид да се зацврсти неформалниот прекин на огнот во кој посредуваше Каиро.

Камел е највисокиот арапски функционер кој ја посетил Газа од 2018 година, а разговарал со Јехи Синвар, лидерот на Хамас во Газа.

Најновата војна на Израел и Хамас беше поттикната од повеќенеделните протести и судири во Ерусалим поради израелската политика за светите места во тој град и обидите на група еврејски доселеници да иселат палестински семејства од блискиот арапски кварт Шеик џара во источниот дел на градот.

Претставникот на Хамас им кажа на новинарите дека со шефот на разузнавачката служба на Египет разговарал за потребата „окупаторот да ја прекине својата агресија врз Газа, Ерусалим, Шеик џара и цела Палестина“.

Ал Хаја додаде дека Израел исто така мора целосно да ја укине блокадата воведена над појасот Газа во 2007 година, кога исламистичкиот екстремистички Хамас на сила ја презема власта од силите лојални на поумерениот Фатах.

Тој го исклучи врзувањето на обновата на Газа со ослободувањето на двата израелски цивили и предавањето на посмртните остатоци на двајцата израелски војници убиени во претходната војна кои наводно ги држи Хамас.

Наместо тоа Хамас, најверојатно, ќе бара ослободување на голем број палестински затвореници од израелските затвори.

Прекинот на огнот на кој посредуваше Египет се почитува, но не се бави со ниеден основен спор во израелско-палестинскиот судир.

Израел и Хамас војуваа веќе четири пати од 2008 година.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Либералната империјалистичка доктрина на Америка е одговорна за ужасниот масакр во места како Виетнам, Ирак и Централна Америка. Но Америка, исто така, произведе либерална антиимперијалистичка доктрина што останува затскриена во една ТВ-серија што ја восхитува американската публика уште од 1966 година.

повеќе

Граѓани, бегалци, мигранти, веќе не ни е важно – се чини дека никој не гледа светла иднина за себе во Албанија.

повеќе

Енергетската сиромаштија е значително поприсутна во централна, источна и југоисточна Европа, покажува последното истражување.

повеќе