Со преговорите посредувал Египет

Хамас: Постигнат договор со Фатах за контрола на појасот Газа

Главниот лидер на палестинското исламско екстремистичко движење Хамас Исмаил Ханија изјави денеска дека во преговорите, со кои посредувал Египет, со ривалската Фатах на палестинскиот претседател Махмуд Абас е постигнат договор за условите за контрола на појасот Газа.

Ханија најави дека деталите ќе бидат објавени денес подоцна во Каиро.

Хамас владее со појасот Газа, повеќе од една деценија, откако со сила ја презеде контролата од силите лојални на умерената, секуларна Фатах. Ова доведе до парализирачка територијална и политичка поделба на Палестинците. Абас владееше со автономните енклави на Западниот Брег, која е бил под израелска окупација.

Официјални лица од Хамас и Фатах два дена преговараа во Каиро за враќање на Абасовата палестинска управа во Газа.

Минатата недела во градот Газа, се одржа седница на палестинската влада со која претседаваше палестинскиот премиер Рами Хамдала, прва од 2014 година. Сите досегашни напори за помирување на овие две најголеми палестински фракции од 2007 година не вродија плод.

Главната пречка ја вклучува контролата над арсеналот на оружје на военото крило на Хамас, кој три пати војуваше против Израел и судбината на илјадници јавни службеници на Хамас.

И ако граѓаните или Владата очекуваа дека Јункер на Заев ќе му даде покана со датум за влез на Македонија во ЕУ, тогаш живееме во илузии.

повеќе

Опкружени со балкански хипернационалности, Македонците мора да се борат со тезите дека се „измислен народ“. Всушност, сите идентитети, меѓу кои и грчкиот, се изградени наративи со темели во историјата и во митот. На Македонците им треба име што го потврдува нивниот вистински идентитет независен од Бугарите, Србите или Словените воопшто.

повеќе

Некои политички партии вртат големи суми пари од нивното јавно и приватно финансирање.

повеќе