Хамас по хаосот во Ерусалим: Отпорот е спремен (ВИДЕО)

Портпаролот на палестинскиот претседател Махмуд Абас го критикуваше Израел за насилните судири меѓу палестинските демонстранти и израелската полиција.

EPA-EFE

„Бруталниот упад на израелските окупациски сили и нападот врз верниците во благословената џамија Ал акса и нејзиниот двор е нов предизвик за меѓународната заедница, особено за оние напори кои ги вложува новата администрација на САД’, кажа портпаролот на Абас Набул Абу Рудејне.

Тој тврди дека владата на Израел отфрлила секакво меѓународно посредување и интервенција.

Лидерот на исламската екстремистичка група Хамас му се закани на Израел поради судирите на полицијата и Палестинците во кои се повредени стотици луѓе.

„Отпорот е спремен и мотивиран и нема да седи со скрстени раце. Неговиот збор ќе биде конечниот во битката, ако окупаторот не се повлече и не ги прекине своите ѓаволски планови“, се наведува во соопштението на Хамас.

Во џамијата Ал акса биле фрлени солзавец и шок-бомби, кажа фотографот на агенцијата Асошиејтед прес кој бил на местото на судирите.

Немирите почнаа во седум часот наутро, а претходно демонстранти се забарикадираа во капиите на ѕидот на Ридот на храмот, Возвишеното засолниште (Харам ал Шарифа), како што го нарекуваат муслиманите на кое се наоѓа џамијата и фрлаа камења врз полицајците.

Но демонстрантите не фрлале камења само врз полицајците туку и врз патот кај Ѕидот на плачот каде се собрале илјадници Евреи да се молат.

Портпаролот на премиерот на Израел Бенјамин Нетанјаху Офир Генделман тврди дека палестински екстремисти однапред планирале да предизвикаат немири и на Твитер објави фотографии на кои се гледаат купови камења и дрвени даски како доказ дека имало подготовки за судирот.

Во меѓувреме растат меѓународните критики на сметка на Израел поради безмилосните акции на светото место, особено за време на светиот муслимански месец рамазан.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Алчноста за максимизирање на површината на градење ја помина „црвената линија“. Градот полека ја сече гранката на која седи.

повеќе

Пристигна барањето од етничкиот албански фактор во политиката за тоа да има промена во химната, знамето и грбот на државата.

повеќе

Доколку најмоќните луѓе во земјата (вклучително и претседателот Милановиќ) не престанат со вербалните напади и притисоци врз новинари и медиуми, се плашам дека Хрватска ќе појде по стапките на Унгарија, Полска и Словенија во однос на (не)слободата на медиумите, што секако не е европски, туку автократски пат.

повеќе