Итна седница на Советот за безбедност

Хамас ја почна војната за да добие политичка моќ, рече израелскиот претставник во ООН

Израелскиот амбасадор во ООН, Гилад Ердан, на видеоконференцијата на Советот за безбедност на ООН рече дека последниот циклус насилство „е целосно подготвен од Хамас со цел да добие политичка моќ“.

Фото: ЕПА

Претставникот рече дека организацијата се бори за моќ на Западниот брег далеку од Палестинската управа, откако неодамна беа одложени првите парламентарни избори во последните 15 години.

Хамас „бараше друг начин за преземање на власта. Тој ја разгоре напнатоста во Ерусалим како изговор за почнување на оваа војна “.

Ердан го означи потенцијалното иселување на палестинските семејства од Шеик Џарах, еден од факторите што наводно ги почнаа борбите, како „спор околу имот“.

Предвидено е семејствата да бидат иселени според закон од 1970 година, кој во суштина само на Евреите им дозволува да го бараат имотот што го загубиле во Источен Ерусалим за време на војната за независност во 1948 година. За Палестинците не постои таков закон, вели Тајмс оф Израел.

Ердан рече дека израелската влада не може да интервенира во судската постапка по ова прашање, иако призна дека владата го одложила последното рочиште за иселувањето за да се спречи натамошна ескалација на насилството.

„Дали навистина верувате дека овој имотен спор е тоа што го предизвика Хамас да го почне овој голем напад врз Израел?“, праша Ердан.

Тој рече дека Хамас исто така го поттикнал насилството кај Ридот на храмовите и ја користел џамијата ал-Акса како „магацин“ за оружје. Потоа тој покажа слика од светото место каде што се наредени камења за да бидат фрлани кон израелската полиција.

Иако стотици Палестинци беа повредени кога полицијата минатата недела упадна во комплексот, Ердан забележа дека никој не е убиен.

Тој исто така рече дека стотици илјади муслимански верници можеле слободно да се молат на ова место за време на Рамазан и да продолжат да го посетуваат комплексот и денес.

„Дали навистина верувате дека овие мирни молитви се причината поради која Хамас го почна овој голем напад врз народот на Израел?“, праша Ердан.

„Израел ќе продолжи да ги почитува правата на сите верници да ја практикуваат својата религија во слобода и безбедност, во светиот град Ерусалим“, рече тој.

Својот говор на вонредниот состанок на Советот за безбедност за последните насилства во Газа тој го почна со покажување фотографија од 16-годишната Надин Авад, која била убиена минатата недела од ракета на Хамас.

„Таа студираше биологија и хемија и сонуваше да го промени светот“, вели Ердан.

„Во текот на минатата недела, милиони израелски деца, жени и мажи бегаа во засолништата од бомби, додека илјадници ракети на Хамас паѓаа насекаде околу нив“, вели тој.

Ердан предупреди дека ако ООН продолжи да ги повикува двете страни на воздржаност и ако не го осуди недвосмислено Хамас, тоа дополнително ќе ја охрабри терористичката група и „ќе ја поткопа Палестинската управа“.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Законот за високо образование јасно и прецизно ја пропишува постапката за избор во наставно-научни и соработнички звања на високообразовните институции во нашата држава-Македонија.

повеќе

На три месеци пред избори, Владата носи закони и уредби со катастрофални последици по граѓаните, што е просто неверојатно.

повеќе

ДУИ, која по конфликтот го вееше албанското црвено - црно знаме, потоа синото, на следните избори ќе го вее зеленото.

повеќе