Халкидики без струја по смртоносните бури (ВИДЕО)

Околу 80 отсто од Халкидики, а особено првиот крак и мал дел од вториот останаа без струја еден ден по невремето и силните ветрови, кои уриваа дрвја и бандери, соопшти денеска грчката електрослужба.

„Огромни проблеми се појавија по уривањето на електричниот столб на електрооператорот АДМИЕ на националниот автопат“, рече Јоргос Адамидис за грчкиот канал Скај, додавајќи дека околу 100 вработени работат на обновување на електричната енергија во таа област.

Адамидис рече дека очекува до вечерва повеќето области да имаат струја.

АДМИЕ рече дека два високонапонски столба се урнале на подрачјето на каналот Неа Потидеа и дека имало дефект на високонапонската електрична линија што ја поврзува Мудања со трафостаниците на Касандра.

Шест туристи, меѓу кои и две деца, загинаа вчера во невремето, а стотина се повредени.

Информацијата дека коронавирусот може да се пренесe преку допир со готовина, дополнително ги мотивираше луѓето да се ослободат од банкнотите. 

повеќе

Овогодинешниот процес во одлучување по конкурсот за финансирање на проекти за игран филм е селективен, корумпиран и компромитиран,

повеќе

Во споредба со 2019 година, просечното време поминато на социјалните медиуми во 2020 година се зголеми за рекордни 100% на сите платформи.

повеќе