Хакирани снимки покажуваат злоставување и мачење во ирански затвор (ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО)

Поранешни затвореници, нивните семејства и борци за човекови права долго се жалеа за злоставувањата и мачењето во озлогласениот затвор Евин во Техеран кој пред сè е наменет за политички затвореници, јавува Радио слободна Европа.

Скриншот

Редовните затвореници, како и преживеаните политички затвореници и другите кои се сметаат за непријатели на иранскиот постреволуционерен режим, зборуваа за мачење и други злоставувања во бетонските ѕидови за од нив да се изнудат признанија, кои понекогаш се снимаат, за подоцна да се употребат за нивна јавна осуда.

Сега, досега невидени хакнати снмки кои прикажуваат претепување и други сурови постапки кон затворениците на Евин ги приморале иранските власти на исто така досега невидено признание: има злоставување во Евин.

Непријатните глетки се појавија помалку од еден месец по инаугурацијата на новиот претседател Ебрахим Раиси, поранешниот шеф на правосудството кој ги отфрлаше тврдењата на адвокатите и другите за малтретирањето затвореници кажувајќи дека со затворениците се постапува со „љубезност и исламско милосрдие“.

Снимките, кои ги пушти група која се нарекува Правдата на Али (Едалат е Али), изгледа ги поништи долгогодишните јавни негирања.

Снимките се вознемирувачки:

Откако медиумските куќи објавија некои од снимките, лидерот на иранската затворска организација Мохамед Мехди Хаџмохамади се извини и прифати одговорност за „неприфатливото однесување“ во затворот.

Шефот на правосудството Голамхосеин Мохсени Еџеи нареди истрага за постапувањето кон затворениците во Евин.

Политичкиот активист од Париз Реза Алиџани, кој неколку пати бил затворен во Иран, вели дека снимките се само „врвот на сантата мраз“.

„Во Иран затворениците систематски се малтретираат“, вели тој.

„Затворениците минуваат низ две фази: испрашување пред судењето, а потоа затворање. Во двете фази се соочени со физичко мачење, како и со „бела тортура“ или затворање во самица каде ги подложуваат затворениците на психолошки притисок“.

Меѓународната организација за заштита на човековите права Амнести интернешнал наведе дека видео-снимките „кои го прикажуваат ужасното малтретирање на затворениците“ пружаат „редок увид во таквото насилство во Иран“ и дека се „ужасен потсетник на неказнивоста на затворските службеници во Иран кои затворениците ги подложуваат на мачење и други сурови, нехумани и понижувачки третмани“.

Изгледа дека некои од објавените снимки се направени претходно годинава кога Раиси, кој е обвинет за вмешаност во повеќемесечната кампања на погубување на политичките затворници под покровителство на државата во 1988, сè уште бил на челото на моќното правосудство.

Легенда под Главна слика

Скриншот

Го потсетувам претседателот на државата дека уставниот рок за создавање на парламентарно мнозинство е 20 дена, а веќе 30 дена Владата нема парламентарно мнозинство.

повеќе

Неразрешеноста на случајот („Јавна соба“) дури после речиси две години од неговото откривање ја активира јавноста бидејќи се руши илузијата дека надлежните работат на случајот.

повеќе

На националистичките агенди во регионот им треба релативно мала искра за да се направи многу поголем пламен.

повеќе