ФСБ

Хакирана руската тајна агенција: „Најголемо пробивање податоци во нејзината историја“

Црвени лица во Москва викендов, по веста дека хакери успешно нападнале изведувач на ФСБ - руската Федерална служба за безбедност.

Сајтек, хакнатата компанија, работела на истражувачки проекти за ФСБ, а хакерите украле информации за внатрешни проекти на кои компанијата работела од името на агенцијата.

Хакирањето се случило минатиот викенд, а хакерите успеале да украдат 7,5 терабајти податоци, изложувајќи тајни проекти на ФСБ за деанонимизирање на пребарувачот Тор и помош за државата да го оддели својот интернет од остатокот на светот. Податоците им се предадени на водечките медиуми за да ги објават.

ФСБ е главната безбедносна агенција на Русија, пандан на ФБИ и МИ5, но нејзината надлежност се протега надвор од домашните разузнавачки служби и вклучува електронски надзор во прекуокеанските земји и значаен надзор во собирањето разузнавачки информации. Таа е главен наследник на злогласната КГБ, а му одговара директно на рускиот претседател.

Пред една недела, на 13 јули, хакери под името 0v1ru$ наводно пробиле во Сајтек, главен изведувач на ФСБ, кој работи на голем број интернет-проекти. По крадењето на податоците, 0v1ru$ поставиле насмеано Јоба-лице на почетната страница на Сајтек заедно со слики што наводно укажуваат на хакирањето. 0v1ru$ потоа ѝ ги предало податоците на поголемата хакерска група Диџитал револушн, која ги споделила со разни медиуми и на Твитер ја задеваше ФСБ дека агенцијата би требало една од своите хакнати активности да преименува во „Проект Цедалка“.

Диџитал револушн и претходно ја има напаѓано ФСБ. Не е познато колку се поврзани двете хакерски групи.

Би-би-си Русија ја објави веста дека 0v1ru$ ги пробиле серверите на Сајтек, ги сподели деталите за спорните сајбер-проекти и рече дека ова е можеби „најголемиот пробив во податоците во историјата на руските разузнавачки служби“.

Би-би-си тврди дека не се откриени вистински државни тајни.

Нема ништо ново во изложените проекти, сè беше познато или очекувано, вели и Форбс. Позначајна вест е фактот за самиот акт на хакирање, неговиот обем и очигледната леснотија. Изведувачите остануваат слаба алка во синџирот на разузнавачките агенции низ целиот свет - впрочем, токму минатата недела поранешен изведувач на НСА беше затворен во САД зашто крадел тајни цели две децении. А последиците од Едвард Сноуден ги гледаме до денес.

Диџитал револушн ги пренела информациите до новинарите неизменети - рекоа тие. Не се знае ништо за 0v1ru$ и групата не излезе со никаков коментар.

Ниту, очекувано, ФСБ.

(Текстот е одговор на колумната „Сите нации се модерни конструкти" од д-р Љубица Спасковска објавена на МКД.мк, 1 август)

повеќе

На мојот пријател, овчарот Митко му реков: „Дојде време ти, јас, сите граѓани на Македонија да си го вратиме суверенитетот на оваа наша држава".

повеќе

Неопходно е да се допрецизира законот со што би се овозможило одреден дел од финансиски средства да се пренасочат кон делот на општествена одговорност на приредувачите на игри на среќа со цел подобрување на спортската инфраструктура.

повеќе