Хакери во Виена нападнале катедрала, камбаните непрекинато биеле цели 20 минути

Жителите на центарот на Виена синоќа ги разбуди непрекинато ѕвонење од катедралата Св. Стефан, што се должи на хакерски напад врз компјутерскиот систем со кој се управуваат ѕвоната. Сајбер напаѓачот ја искористил интернет-врската меѓу готската катедрала и компанијата која управува со ѕвоната за да ги „киднапира" ѕвоната на двете кули на виенската знаменитост, изјави пасторот Тони Фабер.

Фото: Пиксабеј

Ѕвонењето траело околу 20 минути додека Фабер не успеал да интервенира со својот компјутер за да им го врати ноќниот мир на сограѓаните. „Им се извинуваме на сите што ова ги разбуди“, изјави портпаролот на виенската надбискупија. Засега ништо не се знае за позадината на хакерскиот напад.

Легенда под Главна слика

Фото: Пиксабеј

Доколку чувствуваме дека нашиот труд ќе биде награден со успех, ќе ѝ приоѓаме на околината со апетит, доверба и храброст.

повеќе

Од општи формулации кон конкретни разговори.

повеќе

„Вчерашниот ден измина, утрешниот допрва доаѓа, го имаме само денес - да започнеме“.

повеќе