Исплатени им се милиони

Хакери во САД исклучија нафтовод и предизвикаа огромен проблем

Колонијал пајплајн, најголемиот нафтовод во САД, платил во петокот речиси пет милиони американски долари на источноевропски хакери, по тешкиот кибернетички напад кој ја исклучи најголемата мрежа на нафтоводот во земјата, пренесува Ројтерс.

EPA-EFE

Компанијата неколку часа по нападот ја платила големата откупнина во криптовалута на која не може да ѝ се влезе во трага, според извештајот на Блумберг, кој се повикува на два извори запознаени со трансакцијата.

Колонијал пајплајн сè уште нема одговорено на барањето на Ројтерс за коментар.

Хакерите на операторот на нафтоводот му дале алатка за декрипција за да ја поправи компјутерската мрежа откако ги добиле парите, но компанијата употребила сопствени бекапи за да го поправи системот бидејќи алатката била преспора, јавува Блумберг.

По шестдневното исклучување на главниот американски нафтовод, кој пренесува 100 милиони галони бензин, дизел и гориво за авиони на ден, вчера ги пренел првите милиони галони моторни горива.

Исклучувањето на нафтоводот предизвика недостиг од бензин и прогласување вонредна состојба од Вирџинија до Флорида, две рафинерии мораа да го намалат производството, а влијаеше у врз снабдувањето со гориво на некои воздухопловни компании.

ФБИ ја обвини таинствената криминална банда Дарксајд за нападот. Групата, за која се верува дека е базирана во Русија или Источна Европа, не ја презема директно одговорноста, но во средата соопшти дека ги пробила системите на три други компании, вклучувајќи компанија од Илиноис.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Паузата во борбата против коронавирусот, бизнисот ја користи за свое преструктуирање и за непосредни контакти со компаниите кои беа запоставени во изминатиот период.

повеќе

Страшно е да се помисли дека постојат луѓе што со години се распрашуваат, го истражуваат, и го следат животот на граѓаните преку социјалните мрежи и интернетот.

повеќе

Во Македонија моментално има стотици активни стечајни постапки, некои од нив се водат повеќе од 10, па дури 20 години.

повеќе