„Никој нема да остане анонимен, дури ни под маска“

Хакери објавија податоци на 1.000 белоруски полицајци: Нема да можат анонимно да апсат и тепаат

Анонимни хакери објавија лични податоци на 1.000 белоруски полицајци во знак на одмазда поради насилството над учесниците во демонстрациите против претседателот Александар Лукашенко, додека најмалку 100,.000 луѓе вчера повторно излегоа на улиците во уште еден масовен протест.

EPA-EFE

„Додека апсењата продолжуваат, ќе продолжиме да ги објавуваме податоците во масовни размери“, се наведува во соопштението кое го објави опозицискиот информативен канал Некста лајв на апликацијата Телеграм.

„Никој нема да остане анонимен, дури ни под маска“.

Каналот Некста, популарен меѓу демонстрантите откако објавуваше случаи на полициска бруталност побара од следачите да помогнат во потврдувањето на точноста на списокот, но и во утврдувањето на нови детали.

„Доколку знаете факти и злосторства на одделни луѓе од списокот, како и информации за нивниот приватен живот (адреси, телефони, регистарски броеви, навики, љубовници, пишете ни“, објави Некста.

Демонстрантите кои се уапсени и нивните семејства ја обвинуваат владата во Минск за застрашување, мачење, силување, па дури и за убиство.

Обединетите нации на 1 септември соопштија дека примиле повеќе од 450 извештаи за кршење на човековите права од страна на белоруската полиција само во август.

„Повеќе нема да можат да нѐ апсат и тепаат скриени зад маските“, кажа вчера за Некста една учесничка на протестите, која се претстави како Ана, коментирајќи го објавувањето на имињата на полицајците.

Владата соопшти дека ќе ги најде и казни одговорните за објавувањето на личните податоци.

„Силите, средствата и технологиите кои на располагање ги има полицијата овозможуваат идентификација и кривично гонење на повеќето од оние кои се виновни за објавување на личните податоци на интернет“, изјави Олга Чемоданова, портпаролка на министерството за внатрешни работи.

Лојалноста на припадниците на безбедносните служби е од клучна важност за Лукашенко и неговата способност да се одржи на власт по претседателските избори минатиот месец, за кои неговите противници тврдат дека се украдени за тоа да го освои шестиот мандат.

Припадниците на безбедносните сили уапсија илјадници луѓе за да го сузбијат бранот протести и штрајкови, а лицата често им се покриени со маски или шлемови.

Одделни демонстранти во повеќе наврати им ги кинеа и тргаа маските на полицајците. Владата соопшти дека 390 жени биле уапсени во саботата поради учество во „женскиот марш“ против Лукашенко. Повеќето од нив се ослободени.

Поради размерите на апсењето опозицискиот координативен одбор предупреди на „новата фаза на ескалација на насилството против учесниците на мирните протести“.

Меѓу уапсените бешее и едно од најпознатите лица на движењето на протест, 73-годишната активистка Нина Багинскаја, иако и таа подоцна беше ослободена. Поради наводното насилно задушување на протестите, Европската Унија соопшти дека размислува за нови санкции против белоруската власт.

Минск, според Гардијан, гневно реагираше на веста дека Светлана Тихановскаја, водечката опозициска кандидатка на минатомесечните избори, наскоро ќе се сретне со шефовите на дипломатиите на членките на ЕУ.

Портпаролката на руското министерство за надворешни работи Марија Захарова исто така ја критикуваше ЕУ поради повикот Тихановскаја да присуствува на министерската средба, како и поради најавата за санкции против Минск, кажувајќи дека Брисел „долева масло на огнот“ во Минск.

Русија ја смета Белорусија за стратегиска тампон-зона против ЕУ и НАТО, и ги обвини Соединетите Американски Држави дека ги поттикнуваат немирите во таа земја.

Москва, по средбата на Лукашенко со рускиот претседател Владимир Путин, вети дека ќе ѝ даде на Белорусија кредит во износ од 1,5 милијарди долари.

Околу 330 милиони долари од тој износ Белорусија ќе ги употреби за да го подмири долгот кон рускиот нафтен гигант Газпром.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Во Македонија само 1% од младите професионално се занимаваат со спорт, 7% спортуваат аматерски, додека 42% спортуваат рекреативно или практикуваат физичка активност во вид на хоби и рекреација.

повеќе

Нашето законодавство дава поголема важност на едно парче хартија отколку на вистинската состојба на терен.

повеќе

Еве што знаат мнозинството Македонци и Бугари родени до 1980 година.

повеќе