Хакери ја нападнаа најголемата месна индустрија во светот, САД велат нападот е од Русија

Сајбер-напад врз најголемата светска компанија за преработка на месо, ЈБС, парализира големи делови од производството во Северна Америка и Австралија.

Фото: Пиксабеј

ЈБС во неделата го пријави нападот кај американската влада, изјави во вторникот портпаролката на Белата куќа.

Бразилската компанија ЈБС претходно преку својата подружница во САД потврди дека била цел на напад што ги погодил серверите на нејзините ИТ-системи во Северна Америка и Австралија.

Ќе биде потребно извесно време за да се реши ова, рече ЈБС.

Владата на САД соопшти дека хакерите побарале откуп, а ЈБС ја известила Белата куќа дека барањето доаѓа од криминална организација чие седиште веројатно е во Русија.

Вашингтон веќе ѝ порачал на руската влада дека една одговорна држава не им дава засолниште на извршители на вакви напади, соопшти Белата куќа.

ФБИ е вклучено и истражува.

Петте најголеми погони за преработка на месо во САД мораше да бидат затворени поради нападот, пренесоа американските медиуми повикувајќи се на синдикатите и вработените.

Производството исто така е значително намалено во Канада и Австралија.

Холдингот Ј&Ф Инвестиментос, на кој му припаѓа ЈБС, вработува повеќе од 250.000 луѓе и е присутен во 190 земји.

Пред неколку недели, сајбер-напад врз најголемиот гасовод во САД привремено го прекина снабдувањето со гориво во земјата.

Операторот Колонијал им платил на хакерите откуп од 4,4 милиони долари.

Легенда под Главна слика

Фото: Пиксабеј

Време е да се фокусираме врз суштинските проблеми. Време е да создадеме вистински ’општествен договор‘ за владеење на правото и на човековите права како главни столбови на европските вредности

повеќе

Стратешко партнерство на македонската влада со Зока енерџи солушнс, компанија регистрирана за обработка и отстранување на опасен отпад, не е правилен начин за решавање на проблемот во мала држава како Македонија.

повеќе

Цивилизацијата би можела да се дефинира како глутница која има рационална потреба да ги легитимира и образложи своите колежи, грабежи и узурпации.

повеќе