„Не ги сакаме Американците, го сакаме Путин!“

Хаиќаните протестираат со недели, бараат помош од Русија и Кина

Веќе три недели на Хаити се одржуваат протести против претседателот Жовнел Моиз. Демонстрантите бараат негова оставка бидејќи Хаити е најсиромашната земја на Карибите во која 60 отсто од населението живее со помалку од 2 долари на ден.

Демонстрантите Мојзе го нарекуваат „марионета на Вашингтон“ и бараат помош во решавањето на државната криза од Русија, Кина и Венецуела.

Улиците на главниот град Порт о Пренс се преплавени со пароли и транспаренти „Не ги сакаме Американците, го сакаме Путин!“. Претседателот го прекина молкот откако минатата недела илјадници луѓе палеа гуми и со камења ја гаѓаа полицијата, барајќи негова оставка. Во текот на протестите загинаа најмалку седум луѓе.

И покрај сѐ, Мојзе кажа дека не планира да си замине од земјата која е во раце на вооружени банди и трговци со дрога.

Мојзе, кој е на власт од 2017 година, ја повика опозицијата на разговори, но безуспешно. Опозициските партии ги поддржаа протестите откако во судски извештај беше наведено дека актуелни функционери и поранешни министри ги украле парите од заемите за развој кои Венецуела му ги дала на Хаити по 2008 година.

Во извештајот се наведува дека и 50-годишниот Мојзе бил вмешан во корупцијата.

Апелирам до лидерите на партиите да не им „помагаат" на кандидатите.

повеќе

Во ерата во која сите напредни земји во светот престануваат со употреба на фосилни горива, ние отвораме нови наоѓалишта, наоѓаме оправдување за исцрпување на необновливите ресурси и за активирање на најголемата глобална закана за морската биолошка разновидност.

повеќе

За жал многумина, а особено оние што треба, не може да ја видат историската димензија на оваа посета на еден папа на нашата земја.

повеќе