Либија

Хафтаровите сили на 11 км од Триполи: се слушаат истрели (ВИДЕО)

Силите на опозициската Либиска национална армија на Калифа Хафтар се наоѓаат на околу 11 км од центарот на Триполи, забарикадирани со челични контејнери, со митралези.

Жителите на Триполи велат дека слушаат повремени престрелки на периферијата на градот, додека над него прелетуваат авиони.

Обединетите нации објавија дека моментално има околу 4.500 раселени поради конфликтот во Либија.

Болниците во Триполи и околината пријавиле дека во борбите во главниот град на Либија загинале 47 лица, а 181 се повредени, соопшти вчера Светската здравствена организација.

Портпаролот на СЗО, Тарик Јашаревиќ, рече дека повеќето од жртвите биле борци од двете завојувани страни, но дека меѓу нив има и лекари и други цивили, пренесе Ројтерс.

Од СЗО предупредуваат дека новата ескалација на конфликтот во Либија може да доведе до недостиг од медицински материјали.

Во Либија од минатата недела се обновени судирите кога Либиската национална армија предводена од Калифа Хафтар од истокот тргна во освојување на западниот дел на земјата и градот Триполи, каде што контролата ја има меѓународно признаената влада на чело со Фаез Сарај.

Сарај му возврати на „новиот Гадафи“, како што Хафтар го нарекуваат неговите противници, со Операцијата „Вулкан на гневот“, за да го одбранат главниот град на Либија.

Македонските граѓани конечно го гледаат крајот на илузијата што им се продава од осамостопјувањето до денес.

повеќе

Министерот за финансии не треба да е кум, баџанак, шура, братучед или самиот тој, бидејќи треба да даде отпор на честите политички, но не и економски барања на членовите на владата.

повеќе

Зрелоста на еден народ е да препознае кога протестите за замена му ги продаваат како протести за промена. 

повеќе