Хафтар ја напушти Москва без да потпише примирје

Руското министерство за надворешни работи објави дека командантот на источните либиски сили Калифа Хафтар ја напуштил Москва без да го потпише договорот за прекин на огнот, јави руската новинска агенција Тасс.

Командантот на Либиската народна војска (ЛНА) Хафтар на преговорите под покровителство од Турција и Русија во Москва побара дополнително време, до вторник, да размисли дали да го потпише договорот за прекин на огнот кој го потпиша спротивната страна - меѓународно признатата влада во Триполи предводена од Фајез ал Сераџ, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров во понеделникот вечер.

На официјалната Фејсбук страница на источните либиски сили, кои се обидуваат да го освојат Триполи, каде е сместено седиштето на владата на Сераџ, во вторникот е соопштено дека ЛНА е „подготвена и решена“ да постигне победа.

Преговорите во понеделникот траеја седум часа, и во нив уествуваа делегации од двата либиски табори, а присуствуваа и турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу и за одбрана Хулуси Акар и двајцата руски колеги Сергеј Лавров и Сергеј Шојгу.

Немало физичка средба помеѓу шефот на владата признаена од ОН, Фајез ал Сераџ и лидерот на истокот на земјата маршалот Калифа Хафтар, како што пренесуваат руските медиуми иако двајцата биле во истата зграда, ал Сераџ одбил да се вклучи во директни разговори со Хафтар.

Непотпишувањето на договорот на преговорите со кои посредуваат Турција и Русија може да го искомплицира дипломатскиот напор за стабилизирање на ситуацијата во Либија, која е заглавена во хаос од соборувањето на Моамер Гадафи во 2011 година.

Германската канцеларка Ангела Меркел во саботата изјави дека планира да биде домаќин на самит за Либија в недела со лидерите на Турција, Русија и Италија.

Интернационалистички, универзалистички и солидарен пристап е единствениот начин да се надмине еколошката и климатска криза, во регионот и пошироко.

повеќе

Мора да се пристапи кон воведување нови мерки за поголема контрола на лицата кои поседуваат нелегални пари.

повеќе

Визија на развиениот свет е државните авторитети да го гледаат спортот како средство за подобар економски и социјален развој.

повеќе