Германскиот министер за економија

Хабек: Руското намалување на испораките на гас е напад врз Германија

Намалувањето на испораките на гас за Европа од страна на рускиот енергетски гигант Газпром е „напад врз нас“, изјави денеска германскиот министер за економија Роберт Хабек.

Фото: ЕПА

„Намалувањето на испораките на гас преку гасоводот Северен тек 1 е напад врз нас, економски напад врз нас“, рече Хабек во говорот на германската индустриска конференција.

Минатата недела Газпром објави дека ќе ја намали испораката на гориво во Германија преку гасоводот поради одложените поправки, додека германската влада одлуката ја нарече „политичка“.

Како резултат на намалувањето, Германија, Австрија и Холандија одлучија повторно да ги активираат електраните на јаглен за да ја намалат потрошувачката на гас.

Германија, исто така, нареди надополнување на резервите на гас до 90 отсто пред зимата, со цел да се заштити од натамошни кратења во снабдувањето.

„Кога ќе влеземе во зима со полуполни залихи гас, а чешмите се затворени, тогаш зборуваме за тешка економска криза во Германија“, рече Хабек.

Во моментов, германскиот капацитет за складирање гас е исполнет на нешто помалку од 60 проценти.

„Сме го виделе овој модел многу пати“, рече Хабек на конференцијата.

Тој додаде дека рускиот претседател Владимир Путин се обидел да „создаде хаос“ на европските пазари на гас со прекинувањето на испораките за Полска и Бугарија меѓу другите европски земји, рече министерот.

Хабек повика на „диверзификација“ на добавувачите на суровини и енергија со цел да се постигне „малку независност од злонамерните светски диктатори“.

Русија почна да го ограничува снабдувањето со гас за земјите што одбиваат да платат во рубли откако земјите од ЕУ воведоа санкции кон Москва поради инвазијата на Украина од 24 февруари.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Ќутејќи - банализирамо. Банализирајќи - нормализирамо. Нормализирајќи - дозвољуемо пред очи да ни се повампируа фашизмот и нацизмот.

повеќе

Самата идеја на странските директни инвестиции е да донесе нови вработувања со повисоки плати кои треба да ги исплаќа странскиот инвеститор.

повеќе

Треба да се размисли за тоа дека сите предлози и промени кои доаѓаат од Брисел, не можат ефикасно да се применат и во Македонија и да се дејствува во правец на благосостојба на граѓаните, а не само на профитите.

повеќе