Гвинеја официјално прогласи епидемија на ебола, соседите во состојба на готовност

Гвинеја официјално прогласи епидемија на ебола откако починаа најмалку три лица и уште четири се заразени, додека соседните земји се во состојба на готовност.

Фото: ЕПА

Трите западноафрикански држави Сиера Леоне, Либерија и Гвинеја од 2014 до 2016 година заедно се бореа против најсмртоносната епидемија на ебола во светот, во која починаа повеќе од 11.300 луѓе.

Претседателот на Сиера Леоне, Џулиус Мада Био, отпатува на консултации со претседателот на Гвинеја, Алфа Конде.

Еболата повторно се појави во јужна Гвинеја, каде што здравствените работници открија сомнителни случаи кај пациенти со симптоми на дијареја, повраќање и крвавење.

Министерот за здравство рече дека се откриени седум случаи, сите постари од 25 години.

Тој рече дека Владата ги презема сите мерки за што побрзо запирање на епидемијата и го повика населението од погодените области да се придржува до санитарните мерки и веднаш да контактира со здравствените установи доколку забележи сомнителни симптоми.

Епидемијата беше прогласена по итен состанок во неделата, а сите сомнителни случаи беа изолирани и отворен е центар за лекување.

Традиционалните погреби каде што луѓето се капат и го допираат телото на починатиот го олеснуваат ширењето на еболата, која обично се пренесува на луѓето од заразени животни. Либерискиот претседател Жорж Веа им нареди на здравствените власти да ги засилат надзорот и превенцијата.

Сиера Леоне ги активираше системите за итни случаи и го засили надзорот на веќе затворената граница со Гвинеја.

Пред една недела беа потврдени случаи на ебола во источниот дел на Конго.

Здравствените експерти се надеваат дека достапноста на вакцината против ебола ќе помогне брзо да се потисне ширењето на инфекцијата.

Минатиот месец Светската здравствена организација објави дека ќе обезбеди околу 500.000 дози вакцини против еболата за да помогне, но во тоа време имаше само 7.000.

Причините за високата смртност се доцното откривање на вирусот и бавната реакција на властите и на меѓународната заедница.

Меѓународните хуманитарни и медицински организации се вклучија за да помогнат во спречувањето на понатамошното ширење на вирусот.

Меѓународниот Црвен крст и Црвениот крст на Гвинеја соопштија дека повеќе од 2.500 доброволци биле ангажирани во барање контакти и обезбедување поддршка.

Меѓународната организација Лекари без граници исто така објави дека испраќа тимови за борба против епидемијата.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Целиот свет гледа на 2021 година како на година на заздравување на економијата.

повеќе

Не треба толку да се грижиме за тоа дали се искачуваме на табелата, туку повеќе треба да внимаваме на тоа дали навистина се справуваме, истражуваме и ги гониме оние кои се занимаваат со корупција.

повеќе

Потребно е да се провери дали имало наредба за следење врз Камчев.

повеќе