Гватемала денес ја отвори амбасадата во Ерусалим, по потегот на САД

Нетанјаху ваквиот потег на Гватемала многу го пофали и истакна дека е само два дена подоцна откако САД ја отвориле својата амбасада во Ерусалим.

Претседателот на Гватемала, Џими Моралес и израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху присуствуваа на отворањето на амбасадата во деловниот комплекс во западниот дел на Ерусалим, пренесе Ројтерс.

Нетанјаху во понеделникот рече дека отворањето на американската амбасада во Ерусалим ќе се памти во Израел со генерации, додека Џаред Кушнер зетот и главен советник за Блискиот Исток на американскиот претседател Доналд Трамп, на церемонијата изјави дека Палестинците кои демонстрираат на границата на Појасот Газа „се дел од проблемот, а не дел од решението“.

Единствена друга нација со непосредни планови да отвори амбасада во Ерусалим, досега, е Парагвај, и се очекува да го стори тоа до крајот на месецот.

Новинарите на хрватски ТРИС се приклучија во патувачкиот новинарски карван до земјата без име.

повеќе

Лидерството на опозициската ВМРО-ДПМНЕ мора да излезе јавно, на прес конференција, заедно со сите пратеници, и да објават прекин на секакво понатамошно учество во дискусија на собраниската седница.

повеќе

Според Агенцијата за вработување, најмногу невработени има меѓу дипломираните правници, економисти, професори по одделенска настава на македонски и албански јазик и социјални работници. 

повеќе