Заштита од „синдром на скршено срце"

Гувернерот на Танзанија сака да создаде национална база за оженети мажи

Гувернерот на најголемиот град во Танзанија објави план за создавање и објавување на национална база за оженети мажи, со цел да се заштитат жените од „синдром на скршено срце", пренесува Си-ен-ен.

Регионалниот комесар на најголемиот град во Танзанија, Дар ес Салама, Пол Маконда, изјави дека добиле голем број поплаки од жени за неверство и оставање и дека е во план создавање база на податоци која треба да помогне во борбата против тој проблем.

„Добивам поплаки од жени кои мажи им ветиле брак, но не го исполниле ветувањето. Знам жени кои плаќаат сметки по нивните разделби“, рече Маконда во родниот Кисвахили.

Доколку е можно, ќе се формира база на податоци во секој регион, во канцеларијата на регионалниот комесар, така што секој оженет маж ќе биде регистриран во базата, тоа на жените ќе им овозможи да проверат дали некое лице е навистина слободно.

Маконда објасни дека владата во моментов ја анализира состојбата во другите земји во јужна Африка, за да спореди начини за решавање на проблемот. Си-ен-ен го контактирал гувернерот Пол Маконда за коментар, но не добиле одговор.

Предлог сличен на базата на податоци на Маконда е започнат во соседна Кенија во август, откако тамошниот гувернер ветил дека ќе ги разоткрие политичарите кои се вклучуваат во вонбрачни афери.

Гувернерот на Најроби, главниот град на Кенија, Мајк Сонко на својата Фејсбук страница објавил два телефонски броја и замолил да биде контактирани од измамените жени со слики и докази за неверство, и предложил нивно ДНК тестирање.

Два месеци по недобивањето датум за преговори за членство на Македонија во ЕУ, малку знаеме која беше улогата на Бугарија во тоа.

повеќе

И покрај сите обиди, темата „Закон за јазиците" не „лепи".

повеќе

Дали ние, луѓето, сакаме да продолжиме да живееме добро и безбедно на оваа планета?

повеќе