Гувернерот на Њујорк: Ова е хаос (ВИДЕО)

Гувернерот на американската сојузна држава Њујорк Ендрју Куомо ја прозва федералната влада на САД дека не презема никакви чекори за да се спречи ширењето на коронавирусот.

Државата Њујорк, како и уште неколку сојузни држави, воведоа свои мерки за цивилна заштита. Забрането е собирање на повеќе од 50 луѓе, се затвораат сите училишта, а во 20 часот по локално време на неодредено се затвораат сите кино-сали, фитнес центри и казина, додека угостителски објекти се ограничени само на достава.

„Ова е национален проблем и потребна ни е федерална одлука. Во сите останати земји, а не ме интересира дали станува збор за Кина, Јужна Кореја или Италија, државната влас го има главниот збор бидејќи тоа е национален проблем. Потребни ни се чекори на федерално ниво, а не секоја држава да прави што сака. Ова е хаос и тоа кај граѓаните го засилува чувството дека ситуацијата бега од контрола. Не постојат насоки на државната власт и потоа Калифорнија прави едно, Њујорк друго, Илионис трето, а сите го имаме истиот проблем. Нема смисла секоја држава да одлучува сама за себе“, кажа Куомо.

И додека тој и бројни други истакнати Американци повикуваат на порешителни чекори на Трамповата администрација во борбата со коронавирусот, Доналд Трамп вчера кажа дека вирусот е „неверојатно и многу опасен, но дека е целосно под контрола“. Набрзо на Си-ен-ен го демантираше директорот на националниот институт за заразни болести Ентони Фаучи, кого го прашаа дали постои опасност стотици илјади Американци да умрат од коронавирусот.

„Да, тоа би можело да се случи и би можело да биде уште полошо. Ако продолжиме да живееме како ништо да не се случува и продолжиме да се правиме дека тоа не е некој голем проблем, бројот на мртви би можел да биде огромен. Луѓето мислат дека претерувам, што ми е драго бидејќи значи дека некој ме слуша“, кажа Фаучи.

Во САД во моментов има 3.485 заразени, а дневно се регистрираат околу 500 новозаразени. Од коронавирусот досега умреа 65 луѓе, а се очекува федералната влада денес или утре да донесе национални мерки за спречување на ширењето на вирусот.

„Новото нормално“ неизбежно со себе ќе носи неизвесност и страв бидејќи заканата од вирусот наѕира во позадина и не може да се искорени.

повеќе

„Шарената револуција“ беше енергија и граѓански порив за промени. Малку застранивме.

повеќе