„Нема да дадам оставка“, истакна демократот Куомо на конференција за медиумите, откако се извини за своето однесување поради кое „на луѓето им било непријатно“.
„Се чувствувам ужасно поради тоа и, искрено, срам ми е“, кажа гувернерот на Њујорк кој во изминатите недели е мета на многу обвинувања, вклучувајќи го тоа дека неговата администрација се обидела да го намали вистинскиот број на умрени од ковид-19 во тамошните домови за стари и изнемоштени.
Во средата кажа дека неговото однесување, поради кое е обвинет за сексуално вознемирување, било ненамерно. Куомо тврди дека никогаш никого не допирал непримерно, но додаде дека нему му е „вообичаено да ги бакнува и прегрнува луѓето при средби“.
Во Њујорк од почетокот на пандемијата во пензионерските домови умреле повеќе од 15 илјади луѓе, а здравствената агенција на таа сојузна држава до крајот на јануари објави само за 8,5 илјади.
Куомо на крајот на минатата година поради своите дневни обраќања за ситуацијата со коронавирусот кон крајот на февруари призна дека имало „доцнење“ во објавувањето на податоците и го нарече тоа грешка.