„Обичен политички театар"

Гувернерот на Калифорнија потпиша повлекување на трупите од американско-мексиканската граница

Гувернерот на Калифорнија, Гавин Њусам потпиша наредба за повлекување на повеќе од две третини припадници на калифорниската сојузна Национална гарда од американско-мексиканската граница, тврдејќи дека итната погранична ситуација поради наводната закана од нелегалната миграција по националната безбедност е „обичен политички театар“.

На прес-конференцијата во Сакраменто, Њусам рече дека поголемиот дел од околу 360 припадници на Националната гарда од границата ќе бидат пренасочени на други должности во државата, а останатите стотина ќе останат како дел од борбената група за борба против трговија со дрога и борба против картелите.

„Прашањето за границата е измислена криза. Не сме заинтересирани за учество во тој политички театар“, изјави Њусам за новинарите. Тој посочи дека илегалните гранични премини се на најниско ниво од 1971 година, додека бројот на нерегистрирани жители во Калифорнија паднал на најниска стапка за повеќе од десет години.

„Станува збор за чиста политика. Точка“, рече гувернерот од редовите на демократите кој ја презеде функцијата во јануари.

Претходникот на Њусам, Џери Браун се согласи да испрати војници на границата во април минатата година, по постигнатиот договор со владата на Трамп дека војската ќе се фокусира на криминалните банди и шверцери и нема да ги спроведува законите за имиграција.

Неговиот потег е удар за претседателот Трамп кој изборите во 2016 година делумно ги доби поради ветувањето за изградба на ѕид на јужната граница на САД, за кој во текот на кампањата тврдеше дека ќе го финансира Мексико.

Барањето на Трамп за 5,7 милијарди долари помош за изградба на ѕидот предизвика 35-дневна блокада на Владата на САД, најдолга во историјата, а заврши минатиот месец без да бидат обезбедени бараните средства за ѕидот. Трамп се согласи привремено да ја финансира владата три недели, за да им овозможи време на пратениците да најдат компромис и да спречат уште една блокада на 15-ти февруари.

Гувернерката на Њу Мексико, Мишел Лујан Гришам, демократка, минатата недела на мнозинството припадници на Националната гарда на границата им нареди да се повлечат, исто така отфрлајќи ги тврдењата на Трамп за кризата. Трамп овој месец испрати дополнителни 3,7 илјади американски војници на границата.

Неопходно е да се допрецизира законот со што би се овозможило одреден дел од финансиски средства да се пренасочат кон делот на општествена одговорност на приредувачите на игри на среќа со цел подобрување на спортската инфраструктура.

повеќе

Тоталното разочарување од сите мејнстрим политички елити, вклучувајќи ги и зелените, континуирано води кон отуѓување на граѓаните, за што доказ е се помасовното бојкотирање на изборните процеси.

повеќе

Помина времето кога политиката беше „шаховска борба“ на политичките актери, која неретко се одвиваше далеку од очите на јавноста и беше доста неразбирлива за обичниот гласач. 

повеќе