Гувернерот на Калифорнија ги повика Американките: Кај нас имате право да ја прекинете бременоста

По бранот воведувања нови построги правила за абортус во конзервативните американски држави, гувернерот на Калифорнија, Гавин Њусам ги повика сите жени во Америка да дојдат во Калифорнија и „целосно да ги остварат своите репродуктивни права“.

Во петокот, Њусам потпиша проглас на „добредојде на жените во Калифорнија“ за процес и потврда на нивното право да ја спречат бременоста, а кое стои и во сојузниот Устав.

На гувернерот му се придружи и демократската гувернерка од Орегон Кејт Браун и гувернерот на Вашингтон Џеј Инсли за да ги повикаат и другите држави да ги имплементираат законите кои го заштитуваат правото на абортус.

„Во отсуство на сојузно раководство околу овој проблем, сојузните држави мора да постават своја заштита, во статутот и во сојузниот устав, и преку проширување на семејното планирање и образование, со цел да се одбранат сите права на Американците за репродуктивна слобода“, порачаа гувернерите во петокот преку заедничка изјава.

Нашиот процес на преговори многу веројатно ќе биде предмет на уште построги критериуми и мониторинг имајќи ги предвид искуствата на земјите кои во моментот преговараат. 

повеќе

На Македонија и Бугарија им треба дебата која ќе го унапреди историското разбирање без робување на идеологии, митологии и политики.

повеќе

Македонизмот често е мистика и точка на недоразбирање и меѓу Македонците и на Македонците со другите народи во и околу Македонија.

повеќе