Гувернерката на Њујорк прогласи вонредна состојба поради мајмунски сипаници

Демократската гувернерка на сојузната држава Њујорк Кети Хочул прогласи вонредна состојба во државата поради епидемија на мајмунски сипаници.

Фото: Пиксабеј

„Прогласувам вонредна состојба во државата за да ги зајакнеме нашите тековни напори за борба против ширењето на мајмунските сипаници“, напиша Хочул на твитер во петокот доцна навечер.

Таа, исто така, рече дека овој потег ќе им овозможи на властите побрзо да реагираат и да го отвори патот за медицинскиот персонал да преземе дополнителни чекори што ќе помогне да се вакцинираат повеќе жители на Њујорк.

Во САД еден од четири случаи на мајмунски сипаници е во Њујорк. До вчера во Њујорк се пријавени 1.383 случаи на мајмунска сипаница.

„Работиме деноноќно за да обезбедиме повеќе вакцини, да го прошириме капацитетот за тестирање и да ги едуцираме жителите на Њујорк како да останат безбедни“, рече Хочул.

Бразил и Шпанија ги потврдија првите смртни случаи од мајмунски сипаници надвор од Африка.

Минатата недела Светската здравствена организација прогласи глобална здравствена вонредна состојба поради тековната епидемија на мајмунски сипаници.

Легенда под Главна слика

Фото: Пиксабеј

Предложеното законско решение се фокусира на аудиовизуелниот/радиодифузниот сектор, игнорирајќи ги последниве две децении на развој на дигиталниот домен и на интернет, со сите негови позитивни и негативни страни.

повеќе

Според последното истражување на организацијата ПИНА, базирано врз анкети направени со 103 новинарки, 24,1% од новинарките добиле закани за физичко насилство, а 19,5% и закани по животот.

повеќе