Гувернерката на Алабама ја потпиша забраната за абортус

Републиканската гувернерка на Алабама го потпиша строгиот закон за абортус во државата, со што абортусот стана кривично дело во скоро сите случаи, објави АП.

„За многуте поддржувачи на законот, тој е моќен доказ за длабокото уверување на Алабамците дека секој живот е скапоцен и дека секој живот е света дарба од Бог“, вели гувернерката Кеј Ајви во соопштението.

Поддржувачите на законот сакаат да им дадат на конзервативците во Врховниот суд шанса да ги задушат правата за абортус на национално ниво, но демократите и застапниците на правото на абортус го критикуваа законот како шлаканица за жените-гласачи.

„Тој едноставно ги игнорира жените и вредноста на жените и нивниот глас. Уште еднаш ги замолчивме жените за едно многу лично прашање“, рече сенаторката Линда Колман-Медисон, демократка од Бирмингем.

Колман-Медисон рече дека се надева оти мерката ќе го разбуди „заспаниот џин“ од жени-гласачи во државата. Но републиканскиот анкетар Крис Крацер истакна дека ниедна конгресна област и веројатно ниеден законодавен округ нема доволно „колебливи“ гласачи за да ги доведе републиканците во сериозен ризик во државата.

„Луѓето што се шокирани од ова не се тие што гласаат за овие луѓе, општо гледано...“, рече тој.

Со предлог-законот, кој сенаторите од Алабама го усвоија во вторникот, извршувањето абортус во која било фаза од бременоста ќе се смета за кривично дело казниво со 10 до 99 години или доживотен затвор за давателот на услугите.

Единствен исклучок ќе биде кога здравјето на жената е во сериозен ризик. Жените што бараат или се подложени на абортус нема да бидат казнети.

(Текстот е одговор на колумната „Сите нации се модерни конструкти" од д-р Љубица Спасковска објавена на МКД.мк, 1 август)

повеќе

На мојот пријател, овчарот Митко му реков: „Дојде време ти, јас, сите граѓани на Македонија да си го вратиме суверенитетот на оваа наша држава".

повеќе

Неопходно е да се допрецизира законот со што би се овозможило одреден дел од финансиски средства да се пренасочат кон делот на општествена одговорност на приредувачите на игри на среќа со цел подобрување на спортската инфраструктура.

повеќе