Гутереш жали што повикот за прекин на огнот не е остварен

Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш денеска изрази жалење што неговиот повик од 23 март за прекин на огнот во светот со цел подобра борба против пандемијата на коронавирус не доведе до конкретни акции.

EPA-EFE/SALVATORE DI NOLFI

„Прекинот на огнот на светско ниво ќе создаде услови за подобар одговор на пандемијата и испорака на хуманитарна помош до најранливите и ќе отвори простор за дијалог“, рече Гутереш на видео конференцијата на Советот за безбедност за заштита на цивилите во конфликтните зони.

Гутереш рече дека е „охрабрен со изразената поддршка“. „Но, таа поддршка не е преточена во конкретни акции“, додаде тој.

Од крајот на март, имаше повеќе изјави со цел на прекин на непријателствата, вклучувајќи ги Филипините, Авганистан и Камерун. Сепак, во други земји, како што се Либија и Јемен, конфликтите не попуштија.

Гутереш додаде дека пандемијата во некои случаи може да предизвика конфликти бидејќи вниманието на меѓународната заедница е насочено на друго место и предупреди за „зголемување на насилството“.

Претседателот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст, Питер Маурер, во денешниот разговор со новинарите предупреди дека во последните години е забележано дека се користи „ново, посмртоносно оружје“, од Сахара до Блискиот исток, од Африка до Украина, од Авганистан до Филипини.

Во најновиот извештај за заштита на цивилите во вооружени судири, генералниот секретар на ООН оцени дека во 2019 година е остварен мал напредок.

Повеќе од 20.000 цивили се убиени или повредени во судири во десет земји, вклучувајќи ги Авганистан, Централна Африка, Ирак, Либија, Нигерија, Сомалија, Јужен Судан, Сирија, Украина и Јемен.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE/SALVATORE DI NOLFI

Дали е аксиом дека со членството во НАТО е гарантирана безбедноста на Македонија? Дали почеток на преговори значи и отворен пат за членство во ЕУ?

повеќе

Што е со оние граѓани кои не се вклопуваат во нашиот (би)етнички дискурс?

повеќе

Постојат различни фактори кои влијаат на нивото на ризик кога станува збор за перење пари. Тоа може да биде од клиенти, региони, производи или ризик од финансиски инструменти. Разбирањето на овие ризици, како и факторите што придонесуваат, им овозможува на надлежните органи многу поефикасно да се заштитат од перење пари поврзано со корупција.

повеќе