Гутереш во Москва бара прекин на огнот, вели ОН се подготвени да евакуираат цивили од Мариупол

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, е во Москва, каде што се сретна со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, а најавена е средба и со рускиот претседател Владимир Путин.

Фото: ЕПА

Гутереш рече дека во Украина треба што е можно поскоро да се договори прекин на огнот и дека ОН се подготвени да ги вложат своите ресурси и да помогнат во евакуацијата на луѓето во Мариупол, кои се под опсада на руските сили од почетокот на војната.

„На илјадници цивили им е потребна хуманитарна помош за да си ги спасат животите“, рече Гутереш на состанокот со рускиот министер за надворешни работи.

„ОН се подготвени да ги мобилизираат своите човечки и логистички ресурси и да помогнат да се спасат животи во Мариупол“, рече генералниот секретар на ОН, предлагајќи да се координираат со Црвениот крст и да им се дозволи на оние во фабриката за челик Азовстал да го напуштат Мариупол.

Гутереш, исто така, рече дека е загрижен поради наводите дека биле извршени воени злосторства во Украина и дека за тоа е потребна независна истрага.

Руското Министерство за одбрана соопшти дека во текот на ноќта биле погодени 87 воени цели во Украина, дека загинале околу 500 војници, повеќе од 60 милитантни борци на националистичката група „Донбас“, како и дека биле уништени 59 оклопни возила, артилерија и автомобили.

Шефот на руската дипломатија изјави дека не треба да се потценува ризикот од почнување нуклеарна војна и дека опасноста од избувнување трета светска војна е реална.

Во германската воена база Рамштајн се одржува состанок на претставници на 40 сојузнички земји за вооружувањето на Украина, предводени од САД.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Со францускиот предлог на патот кон ЕУ македонскиот народ ќе ја изгуби историската тапија врз сопствената свест и наследство.

повеќе

Ако пак се натури овој бесмислен консензус на Франција, кој ги признава сите емоции на Бугарија, тогаш оваа неспособна власт ќе не одведе подлабоко од сегашниот амбис.

повеќе

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе