Гутереш: Вакцината против коронавирусот ќе биде светско јавно добро достапно за сите

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш денес изјави дека идната вакцина против новиот коронавирус мора да се смета за „светско јавно добро" што мора да им биде достапно на сите, на отворањето на меѓународниот самит за собирање средства за вакцинација.

Фото: ЕПА

Глобалната алијанса за вакцини и имунизација (Гави) се надева дека на тој виртуелен состанок, на кој се собрани повеќе од 50 земји и повеќе од 35 шефови на држави и влади ќе собере 7,4 милијарди долари, за продолжување на светските кампањи за вакцинирање против рубеола, детска парализа и тифус, кои во голема мерка се суспендирани поради пандемијата на ковид-19.

На состанокот треба да бидат упатени и повици за собирање средства за набавка и производство на идна вакцина против ковид-19, како и за поддршка на неговата дистрибуција во земјите во развој.

Кога станува збор за вакцина против ковид-19, целта на Алијансата е да собере 2 милијарди долари.

„Вакцината против ковид-19 мора да се смета за светско јавно добро, вакцина за сите луѓе“, рече генералниот секретар на ООН во видео обраќањето на отворањето на самитот, истакнувајќи дека многубројни светски лидери апелирале во врска со тоа, пренесе АФП.

Тој предупреди дека поради пандемијата на коронавирусот многу кампањи за вакцинација се прекинати. Тој рече дека 20 милиони деца не се целосно вакцинирани, а секое петто воопшто не е.

„Да најдеме безбедни средства за да продолжиме со вакцинациите и покрај пандемијата“, апелираше тој, „и кога вакцината против ковид-19 ќе биде достапна, да се погрижиме да биде достапна за сите“.

Американскиот претседател Доналд Трамп во кратко обраќање истакна дека коронавирусот покажа дека за болеста не постојат граници и рече дека светската заедница со заеднички сили ќе го реши проблемот. „Тој е злобен, тој е страшен, но ќе го решиме заедно“, рече тој.

Домаќинот на самитот, британскиот премиер Борис Џонсон повика на „нова ера на соработка“ во светот кога станува збор за здравството.

Велика Британија, каде што коронавирусот однесе речиси 40.000 животи, е најголем донатор на Гави, на кого му вети 1,65 милијарди фунти во текот на следните пет години.

Коронавирусот уби речиси 386.000 луѓе ширум светот откако се појави во Кина на крајот на годината и зарази повеќе од шест и пол милиони луѓе.

Американскиот филантроп Бил Гејтс, чија фондација е силно ангажирана во потрагата по вакцина против ковид-19, рече дека фармацевтските компании се свесни дека вакцината е јавно добро и дека профитот не е единствена цел.

Тој истакна дека вакцината, кога ќе биде достапна, ќе биде дистрибуирана на повеќе од 80 проценти од населението со цел да се развие т.н. имунитет на стадо и да се победи болеста.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Ако идниот премиер биде македонски Албанец и ако успее сите граѓани на Македонија да се поклонуваат под едно знаме, тогаш – зошто да не!

повеќе

Стана премногу вообичаено да се слушнат повици за брза и сериозна одмазда како одговор на недокажани престапи на говорот и мислата, велат Ноам Чомски, Џ.К. Роулинг и 150 други интелектуалци во отворено писмо до јавноста.

повеќе

Додека повеќето земји во светот се соочуваа со двојна, здравствена и економска криза, Косово преминуваше во тројна криза заради политичките случувања.

повеќе