Меѓународната конференција за климата заврши со „добредојдени чекори напред, но тоа не е доволно“, напиша шефот на ОН во изјавата.
Гутереш, кој го напушти Глазгов и е на пат за Њујорк, ги спомна целите што не беа постигнати на оваа конференција – не е постигнат прекин на субвенциите за фосилни горива, прекин на употребата на јагленот и цената на емисиите на јаглерод, како ни договор за финансиска помош за најсиромашните.
„Усвоените текстови се компромис. Тие ги одразуваат интересите, состојбите, противречностите и состојбата на актуелната политичка волја во светот. За жал, колективната политичка волја не беше доволна да се надминат длабоките противречности“, напиша тој.
Тој напиша дека е време да се премине на режимот „алармантност“ и посочи дека досегашните заложби за намалување на емисиите не овозможуваат исполнување на целите од Парискиот договор за одржување на греењето под два Целзиусови степени во однос на прединдустриската ера, а уште помалку за постигнување на идеалната цел загревањето да се задржи на 1,5 Целзиусов степен.






