Предупредување на генералниот секретар на ОН

Гутереш: Светот се соочува со егзистенцијални закани

Генералниот секретар на Обединетите нации Антонио Гутереш ги предупреди денес светските лидери дека светот се соочува не само со вонредната ситуација поради ковид-19 и најлошата економска криза во последните речиси 100 години, туку и со „егзистенцијални закани“ по климата и биодиверзитетот, и можноста најголемите економии, Соединетите Американски Држави и Кина, да го поделат светот на два дела.

EPA-EFE

Обраќајќи им се на учесниците на Светскиот економски форум, кој обично се одржува во швајцарски Давос, шефот на ОН кажа дека човештвото не сака да се повтори „трагедијата и кризата“ од 2020.

Укажа на бројните тешкотии на сегашниот свет, како недостигот од консензуд во употребата на сајбер-просторот и растечките ризици од нуклеарна и хемиска пролиферација.

„Во 2021 година мора да се бавиме со овие тешкотии и да го вратиме светот на вистинскиот пат“, кажа тој.

Зборувајќи за ковид-19 тој ги предупреди богатите држави дека грешат мислејќи дека ќе бидат безбедни ако ги вакцинираат своите граѓани и ги запостават земјите во развој.

Гутереш кажа дека вакцините мора да бидат „светско јавно добро“ и достапни на сите по прифатливи цени.

Тој повика сите да се позанимаваат со нееднаквостите кои пандемијата само го зголеми.

Повика и на ликвидност за да се избегне неплаќањето на долгот во многу средни и помалку развиени земји, ублажување на долговите на земјите на кои тоа им е потребно, нови специјални права во корист на земјите во развој, мерки за намалување на разликите во платите и еднакво учество на земјите во развој во светските институции.

Шефот на ОН кажа дека оздравувањето од ковид-19 мора да помогне во „завршувањето на нашата војна против природата, спречување климатска катастрофа и обновување на планетата“.

Главната цел во 2021 година е формирање светска коалиција за неутрализирање на јаглеродот, кажа тој.

Гутереш истакна дека „секоја држава, град, финансиска институција и компанија“ треба да усвојат планови и да преземат мерки за до 2050 година да постигнат нулта емисија на штетни гасови.

Кога станува збор за геополитиката, Гутереш наведе дека и понатаму „се плаши од можноста дека светот ќе се подели на два дела, а двете најголеми економии ги предводат двете области со различни доминантни валути, трговски и финансиски правила, од кои секоја има свој интернет и сопствени геополитички и воени стратегии“.

„Мораме да направиме сè што е можно за да спречиме таква поделба“, истакна шефот на Обединетите нации.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Во САД и некои други земји, припадниците на загрозените расни и етнички малцинства имаат пократок животен век од просечниот, и поради тоа не се доволно застапени меѓу оние за кои најмногу се очекува дека ќе починат од ковид-19.

повеќе

Предвидувањата за тоа дека ќе дојде денот кога Бугарија ќе ги искористи пасошите кои Софија така лесно им ги даваше на македонските државјани почнуваат да се остваруваат.

повеќе

Реакцијата на семејството и блиските во однос на пандемијата е пресуден фактор кој влијае на емотивната состојба, размислувањата и однесувањето на младите.

повеќе