Гутереш: Светот не успеа да соработува во сузбивањето на пандемијата

Генералниот секретар на Обединетите нации Антонио Гутереш изјави денес дека светот не успеал да соработува во сузбивањето на пандемијата ковид-19.

Фото: ЕПА

Како што рече, коронавирусот во моментов претставува закана број еден во светот.

„Ковид-19 е јасен тест за меѓународна соработка - тест на кој паднавме“, напиша тој на Твитер.

„Потребен ни е подобар мултилатерализам кој делува ефикасно и обезбедува за луѓето на кои им служиме“.

Гутереш пред Генералното собрание на ОН, рече дека неуспехот на меѓународната заедница се должи на недостатокот на глобална подготвеност, соработка и солидарност, пренесува Асошиејтед прес.

Генералниот секретар на ООН посочи дека повеќе од 30 милиони луѓе досега биле заразени со коронавирусот во светот, дека скоро милион заболени подлегнале на последиците на болеста и предупреди дека вирусот сè уште е вон контрола.

„Додека земјите одат во различни правци, вирусот се шири во сите правци“, рече тој.

Гутереш повика на глобална соработка меѓу нациите, глобалните и регионалните организации, меѓународните финансиски институции, трговски сојузи и другите актери.

Тој рече дека идејата за глобално управување мора да се прошири „за да ги вклучи претпријатијата, граѓанското општество, градовите и регионите, академската заедница и младите“.

„Немаме друг избор“, предупреди Гутереш. „Или ќе се обединиме во рамки на глобалните институции што одговараат на целта, или ќе бидеме скршени од поделби и хаос“.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Во време кога турската лира е во историски пад, Турција мора да надмине бројни предизвици за целосно да закрепне од кризата.

повеќе

Многумина од учесниците во македонската сага, нивните деца и внуци прашуваат: Зошто не можеме да се вратиме во земјата на нашите предци?

повеќе

Утрово осамна уште еден ден од ноември, 20-от ден од месецот. Остануваат точно уште 456 дена до 100-годишнината од коморскиот систем во нашата земја.

повеќе