Мадрид

Гутереш: „Светот има избор, да се бори или да се предаде“ (ВИДЕО)

Во Мадрид започна климатскиот самит на ООН, при што генералниот секретар на светската организација Антонио Гутереш порача дека светот има избор - да се бори или да се предаде.

Гутереш ги повика земјите да решат дали „навистина сакаат да бидат запаметени како генерација што ги заби главите во песок, преправајќи се дека ништо не се случува додека планетата гори?“ пренесе АП. Тој предупреди дека стакленичките гасови достигнале рекордно ниво.

„Влијанието врз целокупниот живот на земјата, вклучително и нашиот, ќе биде катастрофално“, освен ако не се стори нешто по тоа прашање, истакна Гутереш.

На двонеделниот климатски самит „КОП25“ во Мадрид се собраа претставници од речиси 200 земји.

Воочи почетокот на конференцијата, Гутереш посочи дека досегашните напори не се доволни за да се надмине „точката без враќање“ во однос на климатските промени. „Недостасува политичка волја“, рече Гутереш пред новинарите.

На собраните на конференцијата им се обрати и шпанскиот премиер Педро Санчез, истакнувајќи дека има само „мал број фанатици кои ги негираат доказите“ за климатските промени.

Тоа што е многу поважно е дека се работи за ПРЕТХОДНА проверка, а не за post festum ветинг.

повеќе

Како што расте бројот на оние кои објавуваат непроверени, лажни и злонамерни информации, така се зголемува и бројот на медиуми кои работат со проверка на факти и се борат за вистината во јавниот простор преку одговорно истражување.

повеќе

Единствена работа за која ние граѓаните не плаќаме данок, е воздухот кој го дишеме.

повеќе