Гутереш повторно избран за генерален секретар на ООН

Генералното собрание на ООН го избра генералниот секретар на ООН Антонио Гутереш за втор петгодишен мандат, пренесоа агенциите. Гутреш ќе биде водечки светски дипломат уште пет години, почнувајќи од 1 јануари.

Фото: ЕПА

Петнаесетте члена на Советот за безбедност во почетокот на овој месец усвоија кратка резолуција со акламација и одобрија соопштение за поддршка на Гутереш - единствениот кандидат. Неговиот реизбор за шеф на ООН беше потврден денес со гласање на Генералното собрание.

Гутереш тогаш рече дека одлуката на Советот за безбедност е голема чест и дека тој ќе биде „длабоко благодарен ако Генералното собрание ми довери одговорности и за време на вториот мандат“.

Поранешниот португалски премиер и шеф на агенцијата за бегалци на ООН (УНХЦР) беше избран од Генералното собрание за генерален секретар на ООН, во трката за таа позиција во октомври 2016 година, во која првично имаше 13 кандидати - седум жени и шест мажи.

Гутереш го наследи Бан Ки-мун, а ја презеде функцијата од 1 јануари 2017 година.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Стратешко партнерство на македонската влада со Зока енерџи солушнс, компанија регистрирана за обработка и отстранување на опасен отпад, не е правилен начин за решавање на проблемот во мала држава како Македонија.

повеќе

Цивилизацијата би можела да се дефинира како глутница која има рационална потреба да ги легитимира и образложи своите колежи, грабежи и узурпации.

повеќе

„Сакајќи ја Америка и должејќи ѝ ја првата верност нејзе, ние ќе бидеме безвредни синови и ќерки на Америка ако немаме љубов во нашите срца за почвата што нè хранеше во нашето детство, за јазикот што го зборуваме и што го немаме заборавено...“

повеќе