Гутереш повика на зголемено финансирање на Ковакс за вакцините да бидат достапни и за најсиромашните

Генералниот секретар на ООН, Антонио Гутереш предупреди дека „национализмот во вакцинацијата" е во полн ек, оставајќи ги сиромашните луѓе ширум светот да ги гледаат подготовките за вакцинација против коронавирусот во богатите земји и да се прашуваат дали и кога и тие ќе бидат вакцинирани.

Фото: ЕПА

Шефот на ООН во средата го повтори својот повик на вакцините да се гледа како на „глобално јавно добро“, достапно за секого, насекаде на планетата, особено во Африка.

Тој апелираше во програмата на Светската здравствена организација „Ковакс“, за помош при купување и дистрибуција на вакцината против ковид-19, во следните два месеци да се вложат уште 4,2 милијарди долари, со цел да им се помогне на најсиромашните луѓе во светот.

После виртуелниот состанок на Обединетите нации со Африканската унија, Гутереш на прес-конференција рече дека финансирањето на Ковакс е единствениот начин да се гарантира дека вакцините ќе бидат достапни во Африка и другите држави во развој.

Шефот на СЗО, Тедрос Адханом Гебрејесус, на состанокот на Генералното собрание на ООН за ковид-19 минатата недела рече дека „напредокот остварен во областа на вакцините дава надеж и дека сега се гледа светлина на крајот од тунелот“ за да се стави крај на пандемијата, но додаде дека вакцините „мора да се поделат рамноправно како светско јавно добро, а не како приватен производ што ја зголемува нееднаквоста“.

Велика Британија и Русија веќе започнаа со вакцинација против коронавирусот. Во САД, вакцината на Фајзер може да добие зелено светло за итна употреба во наредните денови, а вакцината Модерна во наредните недели.

Гутереш рече дека 54 африкански земји регистрирале над 2,2 милиони случаи на инфекции со коронавирус и над 53.000 смртни случаи од ковид-19.

Тој рече дека се надева дека вакцините, во комбинација со други мерки за јавно здравје, ќе помогнат да се надмине пандемијата, но затоа тие мора да бидат достапни за сите.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Во САД и некои други земји, припадниците на загрозените расни и етнички малцинства имаат пократок животен век од просечниот, и поради тоа не се доволно застапени меѓу оние за кои најмногу се очекува дека ќе починат од ковид-19.

повеќе

Предвидувањата за тоа дека ќе дојде денот кога Бугарија ќе ги искористи пасошите кои Софија така лесно им ги даваше на македонските државјани почнуваат да се остваруваат.

повеќе

Реакцијата на семејството и блиските во однос на пандемијата е пресуден фактор кој влијае на емотивната состојба, размислувањата и однесувањето на младите.

повеќе