Гутереш: Пандемијата на короната е тест што сè уште не сме го поминале

Поделениот свет не успева да излезе на крај со предизвикот во борбата против пандемијата ковид-19, изјави денес генералниот секретар на ООН, Антонио Гутереш, предупредувајќи дека е потребна координирана акција за да се спречи милиони луѓе да бидат втурнети во сиромаштија и глад.

Фото: ЕПА

Поранешниот португалски премиер рече дека можело да се стори многу повеќе доколку земјите соработувале во борбата против болеста, која досега уби повеќе од милион луѓе.

„Пандемијата ковид-19 е голем глобален предизвик за целата меѓународна заедница, за мултилатерализмот и за мене како генерален секретар на Обединетите нации“, изјави Гутереш за португалската новинска агенција Луси. „За жал, ова е тест што меѓународната заедница сè уште не го поминала“.

Тој исто така посочи дека ако не се преземат координирани мерки, „микроскопскиот вирус би можел да турне милиони луѓе во сиромаштија и глад со катастрофални економски ефекти во годините што доаѓаат“.

Генералниот секретар на ООН ги критикуваше земјите ширум светот дека не се обединиле во обидот да се справат и со други глобални предизвици, вклучително и конфликтите во Авганистан, Јемен и Сирија. „Тоа е извор на огромна фрустрација“, рече тој.

Според податоците на Ројтерс, повеќе од 39 милиони луѓе се заразени со коронавирус ширум светот.

Откако во декември 2019 година во Кина се регистрирани првите случаи на коронавирус, заразата е регистрирана во повеќе од 210 земји и територии на светот.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Во Македонија само 1% од младите професионално се занимаваат со спорт, 7% спортуваат аматерски, додека 42% спортуваат рекреативно или практикуваат физичка активност во вид на хоби и рекреација.

повеќе

Нашето законодавство дава поголема важност на едно парче хартија отколку на вистинската состојба на терен.

повеќе

Еве што знаат мнозинството Македонци и Бугари родени до 1980 година.

повеќе