Гутереш: Мора да избегнеме нова студена војна, би била поопасна од претходната (ВИДЕО)

Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш предупреди на потенцијална нова студена војна меѓу Кина и САД и побара од овие земји да го поправат својот „целосно дисфункционален" однос.

Фото: ЕПА

„Односот меѓу Кина и САД денес е целосно дисфункционален. Имаме различни перспективи за различни области и нормално дека доаѓа до некои несогласувања. Се работи за прашања за човековите права, геостратешки проблеми, како прашањето за Јужното Кинеско Море“, рече Гутереш.

„Постојат области каде што постојат заеднички интереси и потребна е силна соработка, како што е случајот со климатските промени. Додека постојат и области каде што треба да се водат сериозни преговори - трговија и технологија“, додаде тој.

„Мораме по секоја цена да избегнеме студена војна, која би била различна од претходната и веројатно поопасна и потешка за управување“, рече генералниот секретар на ОН.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Одлуките донесени од поранешната власт, како што се докажа, беа лоши.

повеќе

Сѐ поочигледно е дека наместо Заев да направи чистка и да замети, граѓаните ќе го изметат него и СДСМ.

повеќе

Можеби поради еуфоријата што ја донесе туризмот - и желбата на самите жители на Грција да уживаат во одморите - пошироката јавност беше подготвена да ги толерира дневните бројки на новозаразени (во просек помеѓу 2.000 и 3.000 случаи во текот на летото). 

повеќе