60-годишнина од првата конференција

Гутереш: Многу е важна улогата на Движењето на неврзаните земји во денешниот свет

Генералниот секретар на Обединетите нации Антонио Гутереш изјави дека Движењето на неврзаните земји има многу важна улога во денешниот свет, и го истакна и придонесот во борбата против пандемијата на коронавирусот.

EPA-EFE

„Движењето на неврзаните земји има клучна улога во светот. Особено заседанието на ОН посветено на пандемијата е организирано на иницијатива на тоа Движење“, кажа Гутереш на пленарната сесија на Состанокот на високо ниво по повод 60-годишнината од првата конференција на Движењето на неврзаните земји во Белград.

Во обраќањето со снимена порака, Гутереш наведе дека „долго се обидува да го протурка планот на глобална вакцинација“ и додаде дека огромен број смртни случаи се последица на нееднаквата дистрибуција на вакцините.

Тој укажа и на други проблеми на современиот свет, пред сè климатските промени, загадувањето и губењето на работните места.

Истакна дека е многу важно помалку развиените земји да добијат пари за соочување со климатските промени.

„Важно е меѓународната соработка и мултилатерализмот да бидат од примарно значење. Акциите треба да бидат насочени да се имаат предвид и идните генерации и да се зајакне довербата“, кажа Гутереш.

Претседателот на Генералното собрание на Обединетите нации Абдулах Шахид, кој присуствува на собирот во Белград, кажа дека во борбата за подобри и поправедни меѓународни односи „нема сила“ како што е Движењето на неврзаните земји.

„Потребно е да постои постојано заговарање на мирот и пријателството и ова Движење служи токму за тоа. Условите се сменија од 1961 година, но потребата од дипломатија не“, наведе Шахид.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Одлуките донесени од поранешната власт, како што се докажа, беа лоши.

повеќе

Сѐ поочигледно е дека наместо Заев да направи чистка и да замети, граѓаните ќе го изметат него и СДСМ.

повеќе

Можеби поради еуфоријата што ја донесе туризмот - и желбата на самите жители на Грција да уживаат во одморите - пошироката јавност беше подготвена да ги толерира дневните бројки на новозаразени (во просек помеѓу 2.000 и 3.000 случаи во текот на летото). 

повеќе