Генералниот секретар на ОН

Гутереш: Косово за Обединетите нации не е држава

Обединетите нации ќе го поддржат договорот меѓу Белград и Приштина за Косово, рекол генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, во разговорот со српската премиерка Ана Брнабиќ.

Тој истакнал дека УНМИК останува на Косово, но и дека за ОН „Косово не е држава“.

Српската премиерка Ана Брнабиќ се сретна со генералниот секретар на Обединетите нации во Њујорк, во пресрет на своето обраќање пред Генералното собрание.

„За Обединетите нации Косово не е држава“, истакнал Гутереш во разговорот, како што пренесе кабинетот на српската премиерка.

Генералниот секретар додал дека ОН ќе го поддржат договорот на Белград и Приштина за Косово.

Брнабиќ во разговорот истакнала дека Србија ѝ е посветена на визијата и мисиите на Обединетите нации.

„Сметаме дека ОН треба да играат поактивна улога во меѓународните односи“, истакнала Брнабиќ.

Таа додала дека Србија активно придонесува во ОН кога станува збор за зачувување на мирот и дека повеќе од 300 жени и мажи од Србија учествуваат во мировните мисии низ светот, пренесе РТС.

„Во интерес на Србија е УНМИК да остане на Косово и Метохија во несмален број и без промена на мандатот, како што истакнав и на состанокот 'Акција за мир'“, нагласила премиерката на Србија.

„Мисијата на УНМИК останува во Косово и Метохија“, рекол Гутереш.

Брнабиќ додала дека претседателот на Србија, Александар Вучиќ, го предводи дијалогот меѓу Белград и Приштина, а министерот за надворешни работи, Ивица Дачиќ, кој исто така присуствувал на состанокот, активно работи на светот да му ја пренесе пораката што сè направила Србија.

„Ние сме посветени на наоѓање решенија и не сакаме да го замрзнеме конфликтот“, рекла српската премиерка.

Првиот вицепремиер и министер за надворешни работи, Ивица Дачиќ, ја повторил поканата до Гутереш да ја посети Србија.

Целиот свет гледа на 2021 година како на година на заздравување на економијата.

повеќе

Не треба толку да се грижиме за тоа дали се искачуваме на табелата, туку повеќе треба да внимаваме на тоа дали навистина се справуваме, истражуваме и ги гониме оние кои се занимаваат со корупција.

повеќе

Потребно е да се провери дали имало наредба за следење врз Камчев.

повеќе