„СЕ ОБИДУВАМ ДА ИЗГРАДАМ КОНСТРУКТИВНИ ОДНОСИ“

Гутереш: Ќе му кажам на Трамп за Мјанмар и Северна Кореја и за климатските промени

Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш изјави дека се обидува да изгради „конструктивни односи“ со претседателот на САД Доналд Трамп и изрази надеж дека тоа ќе биде и негова порака на собирот на светските лидери во текот на Генералното собрание на ОН следната недела.

Гутереш на вчерашната конференција за медиумите во седиштето на ОН во Њујорк изјави дека ако Трамп тоа нему му го порача „таа порака ќе биде добро прифатена“.

Трамп сака да воведе големи намалувања во буџетот на ОН, како и значителни реформи во светската организација.

Гутереш и Трамп треба во понеделник да говорат на состанокот за реформа на Обединетите нации за кои се залагаат САД, еден ден пред отворањето на седницата на Генералното собрание на ОН, кога американскиот водач за првпат ќе се обрати на тоа тело од 193 членки.

САД даваат најголем придонес за буџетот на светската организација, како одраз на нивната позиција на најголема светска економија. Тие плаќаат 25 отсто од редовниот оперативен буџет на ОН и повеќе од 28 отсто од неговиот издвоен буџет за мировни операции.

Администрацијата на Трамп преиспитува 16 мировни организации на ОН, кои чинат речиси осум милијарди долари годишно, а американската амбасадорка на ОН Ники Хејли рече дека еден од главните приоритети е намалување на трошоците на овие операции и обезбедување тие поефикасно да работат.

Гутереш рече дека целосно е посветен на реформирањето на ОН за организацијата да може подобро да одговори на потребите на светот од 21 век. Кога станува збор за буџет за мировните мисии, тој рече дека има намера да направи сѐ за тие да бидат што е можно најефикасни, и по работа и по трошоци.

Тој рече дека нема посебна порака за Трамп и дека на американскиот претседател ќе му го каже она што им го кажува и на другите лидери за двата глобални проблеми, а тоа се Мјанмар и Северна Кореја, и климатските промени.

Гутереш рече дека во Мјанмар се случува етничкото чистење против Рохинџа муслиманското малцинство и повика веднаш да се прекине со насилството во таа земја. Тој ја повика Северна Кореја да ги прекине пробите на нуклеарното оружје и балистичките ракети и да се врати на преговорите за својата нуклеарна програма.

Кога станува збор за климата, генералниот секретар на ОН изјави дека неговиот став е дека меѓународната заедница треба да го забрза спроведувањето на Парискиот климатски договор од 2015 година.

„Зелената економија не е потребна само за да се спаси планетата, тоа е исто така разумен начин да се гледа развојот во сегашниот момент,“ рече Гутереш.

Промовирање на родителското отсуство и за таткото на детето кое како опција постои во Законот за работните односи, но само ако не го користи работничката.

повеќе

(Полемика: „Стратегија за прашањето на користење на уставното име на Република Македонија во ООН“, Игор Јанев, МКД.мк, 11 ноември 2017)

повеќе

Зоран Заев од позиција на премиер удира во самите темели на асномска, антифашистичка Македонија.

повеќе