Апел на генералниот секретар на ОН

Гутереш: Грижата за климата да биде приоритет и покрај регионалните конфликти

Климатската акција треба да биде главниот приоритет за сите држави во светот и покрај новонастанатите регионални конфликти, изјави генералниот секретар на Обединетите нации Антонио Гутереш за Гардијан.

EPA-EFE

„Загрижувачко е тоа што војната во Украина во голема мера го сврте вниманието од климатските акции. Мораме да направиме сè што можеме за повторно да го поставиме прашањето на климата како најважно прашање во нашата заедничка агенда“, кажа Гутереш.

Генералниот секретар на ОН истакна дека особено го загрижува растечката нееднаквост меѓу северот и југот.

„Нееднаквостите и понатаму растат во земјите, но сега растат на морално неприфатлив начин меѓу северот и југот и тоа создава поделба која може да биде многу опасна од аспект на мирот и безбедноста“, кажа Гутереш.

Коментирајќи ги плановите на некои членки на ЕУ да ја зголемат употребата на јагленот по санкциите против руските енергетски ресурси, генералниот секретар на ОН кажа дека се надева дека европските држави долгорочно ќе ги одржат своите ветувања против загадувањето.

„Јагленот е непријател број еден на климатските акции. Се надевам дека периодите во кои некои држави ќе согоруваат повеќе јаглен ќе бидат многу кратки“, кажа тој.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Минатата недела во јавноста се актуелизираше дискусијата за концептот на даночната реформа.

повеќе

Војната во Украина ја разоткри вистината за Русија, но и вистината за Европа. 

повеќе

Несанкционирањето на овој говор доведува до повторување, ширење и злоупотреба на овие аномалии како еден вид „нормализиран“ начин во политичката борба против поединци и групи со различни мислења.

повеќе