Шестмесечен извештај за состојбата на Косово

Гутереш ги обвини Тачи и Весељи дека ја опструираат работата на Специјалниот суд за злосторствата на УЧК

Генералниот секретар на Обединетите нации Антонио Гутереш ги обвини претседателот на Косово Хашим Тачи и претседателот на Демократската партија на Косово Кадри Весељи дека ја опструираат работата на Специјалниот суд за злосторствата на УЧК.

EPA-EFE

„Пандемијата на коронавирусот, политичката криза и најавата за обвиненија за воени злосторства против косовскиот претседател Хашим Тачи и шефот на Демократската партија на Косово Кадри Весељи дополнително ја разнишаа ионака кревката политичка и безбедносна ситуација на Косово“, оцени Гутереш. Шефот на ОН предупреди во шестмесечниот извештај за состојбата на Косово дека безбедносната и политичка ситуација дополнително е разнишана од пандемијата на коронавирусот, политичката криза настаната по падот на владата на Аљбин Курти и најавата за обвиненија за воени злосторства против поранешните лидери на Ослободителната војска на Косово, Хашим Тачи и Кадри Весељи.

„Најавите на Специјалното обвинителство за воени злосторства дека против косовскиот претседател Хашим Тачи и лидерот на Демократската партија на Косово Кадри Весељи во Хаг се поднесени обвиненија за воени злосторства и злосторства против човештвото дополнително ја искомплицираа политичката сцена во Приштина“, се наведува во извештајот на Гутереш, кој го опфаќа периодот од март до септември.

Специјализираното обвинителство во Хаг поднесе на крајот на јуни предлог обвиненија против Тачи и Весељи, кои се обвинуваат за низа злосторства, вклучувајќи убиства, киднапирања, прогони и мачења.

Обвиненијата треба да ги потврди Специјалниот суд за злосторствата на УЧК.

Новиот извештај на шефот на ОН ќе се најде пред амбасадорите на Советот за безбедност на 21 октомври.

Гутереш предупреди и на обивите на Тачи и Весељи да ја опструираат работата на Специјалниот суд, кои обвинителството го обвинија дека е „политички мотивирано“, а обвиненијата дека се „лажни“.

Во извештајот се наведува и дека од косовскиот буџет се издвоени 20 милиони евра помош за лицата обвинети пред новиот суд и дека почнала расправата за закон за заштита на вредностите на УЧК, кој меѓународните функционери остро го критикуваа.

Гутереш наведе и дека Тачи поднесе предлог за уставен амандман, со кој би се прекинал мандатот на Специјалниот суд.

Обединетите нации наведоа дека во изминатите шест месеци на Косово се вратиле 189 лица, главно Срби, како и дека од 1999 година се вратиле нешто повеќе од 28.000 луѓе.

Генералниот секретар на ОН го поздрави продолжувањето на дијалогот на Белград и Приштина, наведувајќи дека е видлива нова енергија насочена кон нормализација на односите.

„Се надевам дека така ќе остане сѐ до наоѓањето сеопфатно решение“, наведе Гутереш и ги повика лидерите во Белград и Приштина да „покажат флексибилност и креативност за да се надминат разликите“.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Јас, Ангела Илиевска , учесник во повеќе протестни движења низ годините наназад, со себе го носам товарот на мојата личност и идеалите кои ги застапувам низ сите тие движења.

повеќе

Германија не го негира своетo фашистичко минато, ниту дека ја окупирала Франција, па следствено, не се ни менувани ни учебниците во обете земји, ниту се бришани делови од споменични натписи.

повеќе

Некогаш, долго после нашава посета на овој свет ќе се појави некој кој ќе го интересира нашиот престој тука.

повеќе