Гутереш: Би го поздравил потегот на СЗО ако ја дозволи употребата на вакцината Спутник

Генералниот секретар на ООН, Антонио Гутереш, изјави дека руската вакцина против коронавирусот Спутник V е еден од клучните елементи што ќе овозможи да се реши проблемот со вакцинацијата во светот.

Фото: ЕПА

Тој додаде дека би го поздравил потегот на Светската здравствена организација ако ја дозволи употребата на вакцината Спутник.

„Знам дека процесот е во тек. Многу го цениме што Русија им даде можност на официјалните претставници на ООН да се вакцинираат со вакцината Спутник V“, рече Гутереш на прес-конференција со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров во Москва.

Гутереш рече дека ѝ е благодарен на Русија што направила вакцина против коронавирусот и истакна дека пандемијата покажала дека е неопходна меѓусебна соработка.

Рускиот министер за надворешни работи потсети дека руската вакцина Спутник V е регистрирана во повеќе од 60 земји.

„Повеќето од овие земји веќе ги применуваат првите дози од вакцината. Секако, отворени сме за соработка со други производители на вакцини на секој можен начин, тоа го најавивме неколку пати. Ако покажат сличен интерес, мислам дека може да се случи многу позитивен процес на соработка“, рече Лавров.

Гутереш е во посета на Москва до 14 мај.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Во последните 30 години сите политички партии, независно од тоа колку демократски се претставуваат во своите програми, на државата гледаат како на инструмент, што е пак првиот сигнал, чекор кон авторитарност.

повеќе

Ако денес направиме една историска книжевна паралела, драмското дело на Стефановски ќе го квалификуваме како антологиски бисер, кого и сегашните и идните генерации ќе го чуваат како неодминлив столб на целокупната македонска драмска литература.

повеќе

За првпат во историјата на албанската демократија, една иста партија ќе биде на чело на земјата три последователни мандати. 

повеќе