Густ чад го обвитка Сиднеј, предупредувања за пожари издадени ширум Австралија (ВИДЕО)

Чадот од шумските пожари што беснеат северно од Сиднеј, го обвиткаа австралискиот град, а властите поради високите температури и силните ветрови издадоа предупредувања за висок ризик од пожари низ источните и јужните региони на земјата.

Втор пат во три дена, Министерството за здравство ги советуваше училиштата да не ги пуштаат децата надвор, а метеоролозите велат дека е малку веројатно чадот да се повлече во следните неколку дена, бидејќи пожарите продолжуваат да горат северно од Сиднеј.

Стотици шумски пожари веќе со недели горат долж источниот брег, но појавата на нови температури од 40 степени во Јужна Австралија во средата предизвика евакуација на населението во близина на Аделаида.

Снабдувањето со електрична енергија е прекинато за 6.000 објекти во зоната на пожарот на полуостровот Јорк во Јужна Австралија за да се избегне можноста за појава на пожар од искрење на електрични водови.

Државата Викторија за денес се подготвува за потенцијални катастрофални пожари бидејќи температурите се искачуваат над 40 степени.

Шест лица загинаа, а речиси 600 домови се уништени од почетокот на избувнувањето на пожарот минатиот месец.

Полицијата започна постапка против 54 лица кои од август ја прекршиле забраната за палење оган.

Бидејќи знаеме да се перчиме со секој што потекнал од нашиве простори, дури и до илјадито колено наназад (од Аминта III до Симона Халеп), јас ќе ја искористам приликава за да се погордеам со македонските гени на еден извонреден музичар: Васил Хаџиманов.

повеќе

Коста Абрашевиќ, Гоце Делчев... и десетици илјади современици кои потпишале дека „по род се...", за да можат да патуваат и да работат во ЕУ државите.

повеќе

Наместо ефтини штосови на прес конференциите на СДСМ, ВМРО и ДУИ, на кои во несвест паѓаат само  партиските послушници, нивните лидери треба да одговорат на конкретни прашања.

повеќе