Гумени куршуми и солзавец: кулминација на немирите во Бејрут (ФОТО+ВИДЕО)

Либанските безбедносни сили испукале гумени куршуми и солзавец и со водени топови ги растерувале демонстрантите од централниот дел на Бејрут, јавуваат агенциите.

Судирите почнале вчера и траеле до денес наутро. Ова се најжестоките насилства од почетокот на антивладините протести во Либан пред два месеци.

Над 40 демонстранти се ранети, вклучувајќи и некои кои биле удирани од припадници на безбедносните сили повеќе пати со палки.

Поради судирите во центарот бил создаден застој кој траел повеќе од осум часа додека стотици демонстранти палеле оган во контејнери на главните улици за да ги ублажат последиците од солзавецот со кој безбедносните сили се обидувале да ги разбркаат.

Демонстрантите на полицијата ѝ возвратиле со камења.

Вакви глетки не се видени од почетокот на протестите на 17 октомври.

Во еден момент судирите се прошириле до штабот на њедна од главните либански политички партии Катаеб, каде многу демонстранти се засолниле.

Лидерот на партијата Сами Дјамаел се појави на локалните телевизии во обид да ги заштити демонстрантите од припадниците на безбедносните сили.

Либан се соочува со една од најлошите економски кризи по повеќе децении и демонстрантите ја обвинуваат политичката елита која е на власт три децении за лошо раководење и корупција.

Насилството изби само два дена пред почетокот на разговорите на либанскиот претседател со различни парламентарни блокови со цел именување нов премиер.

Владата предводена од премиерот Саад Харири поднесе оставка на 29 октомври, две недели по почетокот на протестите низ земјата.

Политичките групи не се во состојба да се договорат за нов накдидат додека демонстрантите бараат влада која нема да биде поврзана со постоечките политички партии.

Вечерва се очекува продолжување на протестите.

Оваа администрација нема намера Скопје во догледна иднина да стане одржлив зелен град и тоа е јасно одразено во буџетот за 2020 година.

повеќе

Излегува дека само Македонците на овој свет се должни пред сè да се грижат за правата на сите други луѓе и на крајот да размислуваат (но само да размислуваат) за себе.

повеќе