„Гулаг“ за џихадистите: Русија терористите ги испраќа во казнена колонија

Окружниот воен суд во Москва прогласи тројца припадници на Исламска држава, терористичка група што е забранета во Русија, за виновни за планирање низа терористички напади на транспортни објекти во московскиот регион, јави агенцијата ТАСС, повикувајќи се на извори во Федералната служба за безбедност.

Окружниот воен суд во Москва на 7 мај ги осуди Бахтијар Махмудов и Зафархон Рахматов на по 15 години во казнена колонија со висока безбедност, наведе ФСБ, додавајќи дека уште на еден обвинет во овој случај, Руслан Баширов, кој соработувал со истрагата, му е изречена казна од 11 години во казнено-поправна установа со висока безбедност на 26 декември 2018 година.

Според наводите на иследувачите, Махмудов, Рахматов и Баширов ковале заговор да извршат напади на линија на метрото во централниот дел на Москва и во трговски центар во предградието Балашика во главниот град.

Припадниците на органите на редот ги уапсиле во декември 2017 година, еден ден пред планираните напади.

Рециклирањето можеби ни се чини како спас за природата, но најчесто е спасение само за нашата (валкана) совест.

повеќе

Културата на победништво од нашите епски и херојски денови тотално ги уназади овие општества во 20 век, вели Миљенко Јерговиќ во интервју за Бука.

повеќе

Запрашајте се, о, вие, бездарници анационални што направивте!

повеќе