Гуаидо: Спремен сум да одобрам американска воена интервенција во Венецуела

Венецуелскиот опозициски лидер Хуан Гуаидо, кој се прогласи за привремен претседател, вчера во интервју за АФП изјави дека е спремен да одобри, доколку биде потребно, американска воена интервенција за да го принуди претседателот Николас Мадуро да замине од власт и да ја прекине хуманитарната криза во земјата.

„Ќе сториме сè што е треба, сè што мора да направиме за да спасиме човечки живот, за веќе да не умираат деца“, рече лидерот на опозицијата, кој е привремен претседател на Венецуела признаен од четириесетина земји предводени од САД.

„Ние ќе направиме сè што е можно. Ова секако е мошне деликатно прашање, но користејќи го нашиот суверенитет и нашите овластувања, ќе го направиме она што мора“, додаде Гуаидо, запрашан дали ќе ги искористи своите законски надлежности што ги има како претседател на парламентот и како привремен претседател за да одобри евентуална воена интервенција од надвор.

„Овде, во Венецуела, деновите се бројат во човечки животи“, додаде Гуаидо.

Тешката економска криза што ја погоди оваа земја, богата со нафта, предизвика недостиг од храна и лекови. Повеќе од два милиони Венецуелци ја напуштиле земјата од 2015 година, покажуваат податоците на ОН.

„Сè што ќе мора да направиме ќе го направиме суверено и автономно за да ѝ се стави крај на узурпацијата“ на владата што ја спроведува Николас Мадуро, додаде Гуаидо.

Американскиот претседател Доналд Трамп, пак, во неделата рече дека се разгледува воена интервенција во Венецуела поради политичката криза што ја тресе земјата.

(Текстот е одговор на колумната „Сите нации се модерни конструкти" од д-р Љубица Спасковска објавена на МКД.мк, 1 август)

повеќе

На мојот пријател, овчарот Митко му реков: „Дојде време ти, јас, сите граѓани на Македонија да си го вратиме суверенитетот на оваа наша држава".

повеќе

Неопходно е да се допрецизира законот со што би се овозможило одреден дел од финансиски средства да се пренасочат кон делот на општествена одговорност на приредувачите на игри на среќа со цел подобрување на спортската инфраструктура.

повеќе