Венецуела

Гуаидо повика на пуч против Мадуро (ВИДЕО)

Венецуелскиот лидер на опозицијата, Хуан Гуаидо, рече дека ја почнал „завршната фаза" на својот план за сменување на претседателот Николас Мадуро.

Тој ги повика Венецуелците и војската да го поддржат и да му се стави крај на узурпирањето на Мадуро.

Гуаидо на својот твитер-профил објави видеоснимка на која држи говор во друштво на луѓе во воени униформи и опозицискиот политичар Леополд Лопез, кој е во домашен притвор, пренесува Ројтерс.

Гуаидо рече дека бил во воздухопловната база Каракас ла Карлота.

„Националните оружени сили донесоа правилна одлука и сметаат на поддршката на венецуелскиот народ“, рече тој.

РТ јави дека е фрлен солзавец на автопат во близина на Каракас ла Карлота.

Гуаидо излезе на улиците на Каракас со мала група добро вооружени војници и со опозиционерот Леополд Лопез, предводејќи го она што го нарече „бунт“.

„Ова е час на сите Венецуелци, оние во униформа и оние што не се тоа. Секој треба да излезе на улица, во мир“, изјави Лопез во своето прво појавување во јавноста откако беше уапсен во 2014 година за организирање протести против владата.

Венецуелскиот министер за информации Хорхе Родригез на Твитер рече дека Владата се соочува со „обид за државен удар“, предводен од „предавници“ од армијата, со поддршка на десничарската опозиција.

САД денес остануваат држава со најнапреден систем на високо образование во светот, со најголем број на научни публикации, инвестиции во наука, патентирање на иновации и на добитници на Нобелова награда.

повеќе

(Реакција на колумната на Наум Кајчев, „За Гологанови и нашата заедничка историја“, 15 септември 2019, МКД.мк)

повеќе

Деликатна јазична авантура е ако се излезе од основното и утврдено значење на зборовите и се прејде во сферата на жаргонот и колоквијалноста.

повеќе