Гуаидо ја повика ЕУ да изврши притисок врз Мадуро. Откри дека тајно се сретнал со војската

Самопрогласениот претседател на Венецуела Хуан Гуаидо рече дека се одржани тајни состаноци на лидерите на опозицијата и претставниците на вооружените сили бидејќи војската е „клучна“ за претседателот Николас Мадуро да се собори од власт.

„Транзицијата ќе бара поддршка од клучните воени контингенти. Одржавме тајни средби со претставници на вооружените сили и безбедносните сили. Им понудивме помилување на сите оние кои нема да бидат виновни за злосторства против човештвото“, напиша Гуаидо во текст објавен од страна на Њујорк тајмс.

„Повлекувањето на воената поддршка за Мадуро е од клучно значење да се овозможи промена во владата“, додаде Гуаидо.

Самопрогласениот претседател Гуаидо, исто така, од Европската унија побара да изврши притисок врз Мадуро.

„Му реков, која е твојата порака до мене и другите министри за надворешни работи?“, рече министерот за надворешни работи на Велика Британија, Џереми Хант како што пренесе Ројтерс.

„Рече две работи: продолжете да вршите притисок врз Мадуро кој направи толку многу штета, и запамтете дека ова е поради хуманитарна катастрофа што се случува во моментов“, додаде Хант.

Хуан Гуаидо, самопрогласен привремен претседател, е поддржан од САД, Канада, повеќето земји од Латинска Америка и Европската унија, а актуелниот претседател Мадуро е поддржан од Русија, Кина, Турција, Иран, Куба, Боливија и Мексико.

За жал многумина, а особено оние што треба, не може да ја видат историската димензија на оваа посета на еден папа на нашата земја.

повеќе

Кога знаеме како функционира кризата на претставеност, можеме да спречиме повторување на историјата, кое можеби овој пат би имало и многу полоши последици по демократското општество.

повеќе

Деновиве Владата донесе одлука за формирање на ново министерство. А и така, по глава на жител, верувам, рекордери сме по министерства и министри. Оттука, размислував зошто да не предложам да се формира уште едно – за „спречување автоголови".

повеќе