Грузискиот премиер поднесе оставка поради притвор на лидерот на опозицијата

Грузискиот премиер Џорџи Гахарија денес објави дека поднесува оставка, што веднаш беше прославено од опозицијата која повика на предвремени избори.

EPA-EFE/ZURAB KURTSIKIDZE

Гахарија, кој ја извршува функцијата премиер од 2019 година, рече дека заминува поради несогласувања со соработниците во врска со притворот на Ника Мелија, истакнат опозициски политичар, објавија локалните медиуми.

„Одлучив да ја напуштам функцијата“, рече Гахарија на владината седница емитувана на телевизија.

„Секако, верувам и сакам да верувам дека овој чекор може да придонесе кон намалувањето на поларизацијата во нашата земја“.

Гахарија рече дека затворањето на Мелија не е прифатливо ако „тоа создава ризик по здравјето и животот на нашите граѓани или можност за политичка ескалација“, пренесе агенцијата Тасс.

Судот во главниот град Тбилиси во средата нареди Мелија, лидерот на опозициската партија Обединето национално движење (УНМ) да биде притворен поради наводен пропуст да плати кауција.

Мелија е обвинет за поттикнување на насилство на уличните протести во јуни 2019 година, што го отфрли како политички мотивирано обвинение.

По оставката на Гахарија во четвртокот, министерот за надворешни работи објави дека ја одложува наредбата за апсење на Мелија.

Според грузиски Спутник, група луѓе се собрале пред просториите на партијата, веејќи ги грузиските знамиња во знак на прослава.

Во просториите на неговата партија, Мелија повика на предвремени избори.

„Во име на сите опозициски партии велам: да седнеме на преговарачка маса со претставниците на оваа влада и да започнеме преговори за предвремени избори“, рече Мелија.

Грузискиот сон, владејачката партија во земјата, победи на парламентарните избори во октомври минатата година, но опозицијата тврди дека изборите биле наместени и имало прекршувања.

Мелија тогаш рече дека неговата партија не го признава резултатот од изборите и побара да се повторат.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE/ZURAB KURTSIKIDZE

На три месеци пред избори, Владата носи закони и уредби со катастрофални последици по граѓаните, што е просто неверојатно.

повеќе

ДУИ, која по конфликтот го вееше албанското црвено - црно знаме, потоа синото, на следните избори ќе го вее зеленото.

повеќе

Што правите министерке, кога ќе посетите еден приватен или државен иниверзитет за да видите што навистина се случува.

повеќе