ФИЛИПИНИ

Групата за човекови права ја осуди заканата на претседателот Дутерте дека ќе ги убие

„Ако ја попречуваат правдата, ќе пукате во нив", им кажа Родриго Дутерте на полицајците за активистите кои се спротивставуваат на неговата нарко-војна.

Хјуман рајтс воч го осуди повикот на претседателот на Филипините, Родриго Дутерте, до полицијата да пука на активистите за права кои се на патот на неговата крвава нарко-војна, пренесе Гардијан.

Дутерте треба веднаш да ја повлече својата изјава или да биде испитан за евентуалното поттикнување на насилство против адвокатите по право во Филипините, јави адвокатската група со седиште во Њујорк.

Фелим Кине заменик-директорот на Хјуман рајтс воч, дивизија Азија, рече дека заканата „е како да нацртате мета на грбот на храбрите луѓе кои работат за заштита на правата и за почитување на достоинството на сите Филипинци“.

Дутерте „треба веднаш да ги повлече своите неправедни забелешки пред да има уште повеќе крв на своите раце“, додаде тој.

Зборувајќи по најкрвавата вечер од својот едногодишен мандат на високата функција, Дутерте рече дека ќе ги испита бранителите на човековите права што го критикувале, или ќе им нареди на полицајците да ги убијат.

„Еден ден, вас групите за човекови права, исто така ќе ве истражам. Тоа е вистината. За заговор“, рече Дутерте.

„Ако ја попречуваат правдата, ќе пукате во нив “, рече тој. „За навистина да можат да видат какви се човековите права.“

На Водно навистина не му треба сега и жичарница нова да се гради.

повеќе

Неконтролираниот политички развој, кој создаде пет парламентарни партии на етничките Албанци, ја прави нестабилна политичката ситуација не само кај aлбанскиот блок, туку и на ниво на државата. 

повеќе

Програмата за реформа на управувањето со јавните финансии 2018-2021 се носи во екс-пост заробена држава каде тензиите помеѓу администрацијата, економските агенти, клиентите и општеството се големи.

повеќе