Група научници бараат нова истрага на потеклото на коронавирусот

Заедничкото истражување на Кина и Светската здравствена организација (СЗО) не даде веродостојни одговори за тоа како почнала пандемијата, а потребни се поригорозни истраги, со учество на Пекинг или без него, порача група меѓународни научници и истражувачи.

EPA-EFE

Во заедничката студија објавена минатата недела беше наведено дека најверојатниот пат на преносот на вирусот кој го предизвикува ковид-19 ги вклучува лилјаците и други диви животни во Кина и југоисточна Азија. Исклучена е можноста вирусот да протекол од лабораторија.

Во отвореното писмо 24 научници од Европа, Соединетите Американски Држави, Австралија и Јапонија кажаа дека студијата е нарушена од политиката.

Тие се труделе да постигнат „онолку компромиси колку што е потребно за да постигнат минимална соработка од страна на Кина“, изјави Џејми Метцл од Атлантскиот совет, кој го напишал писмото.

Во писмото се наведува и дека заклучоците на студијата се основани на необјавени кинески истражувања, додека клучните записи и биолошките примероци „остануваат недостапни“.

Генералниот директор на Светската здравствена организација Тедрос Адханом Гебрејесус кажа минатата недела дека Кина блокирала некои податоци.

Лианг Ванијан, висок кинески експерт за ковид-19, го негираше тоа и кажа дека се отфрлаат сите детални заеднички истраги во Кина, кажувајќи дека фокусот треба да се префрли на други земји.

Метцл кажа дека светот можеби ќе се врати на планот Б и ќе спроведе истрага на „најсистемскиот можен начин“ и тоа без кинеско учество.

Кина ги отфрли тврдењата дека САРС-Ков-2 протекол од истражувачката лабораторија во Вухан, градот во кој ковид-19 беше првпат идентификуван.

Заедничкото истражување на Кина и СЗО донесе резултати дека е „крајно малку веројатно“ вирусот да протекол од лабораторија, истакнувајќи дека „нема податоци“ дека во која било лабораторија се чувале вируси поврзани со вирусот САРС-Ков-2. Гебрејесус додаде дека е „потребно повеќе да се истражува за да се дојде до подобри заклучоци“.

Метцл истакна дека Кина треба да даде информации со кои може да ја негира теоријата за лабораториското потекло.

„Кина има бази на податоци за тоа кои вируси се чувале во лабораториите“, кажа тој и додаде дека „постојат научници кои се бават со тоа, а ние немаме пристап до тие луѓе“.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Програмата за вакцинација во Бугарија може исклучиво да се окарактеризира како фијаско. 

повеќе

Вакцинирањето преку ред, слабата стратегија и лошата комуникација со јавноста ги обележаа првите месеци на вакцинирање во Хрватска која во моментов е близу дното на ЕУ во однос на процентот на вакцинирана популација. 

повеќе